fb_img
Големина на фонт
Контраст

Новости

Млади, отворено е пријавувањето за 35 000 бесплатни карти за патување низ Европа!

16.3.2023 17:34:16

Отворени се пријавите за бесплатните карти во склоп на иницијативата #DiscoverEU преку која 35 000 млади луѓе ќе добијат можност да ја истражат Европа со воз. Пријавувањето е започнато и ќе трае до 29 март на пладне.

Како да добиете патен билет?

За да добијат патен билет, младите треба да се регистрираат на Европскиот младински портал и да одговорат точно на 5 квиз прашања. По рангирањето според најдобри резултати, Комисијата, на кандидатите ќе им ги понуди сите достапни патни билети. Успешните натпреварувачи родени помеѓу 1 јули 2004 и 30 јуни 2005 година ќе можат да патуваат во Европа до 30 дена, од 15 јуни 2023 до 30 септември 2024 година. Натпреварот е отворен за млади од Европската унија и трети земји поврзани со програмата Еразмус+, како што се Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција.

Оваа година, учесниците ќе можат да ја истражат Новата европска маршрута Баухаус, започната во јануари 2023 година, која треба да ги инспирира младите да ја земат предвид важноста на создавање „убава, одржлива и заедничка“ Европска унија при изборот на нивните дестинации. Исто така, младите учесници можат да ја истражуваат DiscoverEU патеката на културата, лансирана во 2022 година за време на Европската година на млади, која комбинира различни дестинации и културни содржини, како што се архитектура, музика и ликовни уметности, театар, мода и дизајн и многу повеќе. Патниците на DiscoverEU можат да ги посетат европските културни престолнини, дестинации на престижната листа на светско наследство на УНЕСКО или локации со ознака за европско наследство. Понатаму, тие можат да застанат и во градовите со ознаката Access City Award, кои вложиле големи напори да станат подостапни за секого, без разлика на возраста, мобилноста или способноста. И годинава младите ќе можат да користат картички за попуст кои носат повеќе од 40.000 поволности за поевтин јавен превоз, културни објекти, сместување, храна, спорт и други услуги.

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност ги поддржува младите луѓе со тоа што им обезбедуваат корисни информации пред патувањето, организирајќи состаноци на DiscoverEU кои вклучуваат поврзување на патниците меѓу себе заедно со културна програма .

Европската комисија поттикнува одржливо железничко патување. Специјални аранжмани за патување се достапни за млади луѓе од најоддалечените региони, прекуокеанските окрузи и оддалечените области и острови.

Задоволство ни е да го објавиме лансирањето на 8-миот круг на апликации DiscoverEU. Како што минуваат годините, DiscoverEU заедницата обединува се повеќе млади луѓе. По оваа рунда апликации, ќе достигнеме повеќе од еден милион апликанти. Ова е доста импресивна бројка за помалку од 5 години имплементација, што го покажува интересот на младите Европејци за поврзување и истражување на нашето прекрасно културно наследство.“

- Марија Габриел. Европска комисија комисијар за иновации, истражувања, култура, образование и млади

Откријте ја #DiscoverEU иницијативата

Европската комисија ја започна иницијативата DiscoverEU во јуни 2018 година, а во 2021 година беше интегрирана во новата програма Еразмус+ за периодот од 2021 до 2027 година.

Од 2018 до 2022 година, речиси 916.000 апликанти се пријавиле за 212.700 достапни патни билети. Според најновите резултати од истражувањето по патувањето, 72% од кандидатите рекле дека тоа е првпат да патуваат со воз надвор од нивната земја на живеење. За многумина тоа исто така е и прв пат да патуваат без нивните родители или возрасни лица, а повеќето од нив изјавија дека станале понезависни по ова искуство.

Искуството од независно патување им овозможи подобро да ги разберат другите култури и европската историја и ги подобрија нивните вештини за странски јазици. Повеќе од две третини од учесниците посочија како повратна информација дека нема да можат да го финансираат својот билет без DiscoverEU.

Станете DiscoverEU амбасадор!

Сите млади патници можат да станат и DiscoverEU  амбасадори за да учествуваат во промовирањето на иницијативата, а еден од начините е да се приклучат на официјалната онлајн група #DiscoverEU Official и да ги споделат своите искуства и совети со другите патници таму.

За повеќе информации, посетете ја веб страната на DiscoverEU и Европскиот младински портал.







Поврзете се

    czxczcx