Претставничката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Наскоскa, на 5 декември одржа две презентации за европските образовни мрежи Eвропас и Eврогајденс, едната во ООУ Љубен Лапе-Скопје, пред наставничкиот кадар и другата пред ученици од 4 година од СУГС Орце Николов-Скопје.
Пред наставничкиот кадар беше објаснето Европас портфолиото, какви сè документи содржи и како да се направи.
Претставничката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Наскоска на 3 и 4 декември одржа презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс во СУГС Браќа Миладиновци и АСУЦ Боро Петрушевски - Скопје.
На презентациите присуствуваа ученици од СУГС Браќа Миладиновци и АСУЦ Боро Петрушевски - Скопје на кои им беа објаснети Европас документите, при што се обрна внимание на Европас кратката биографија и Европас мобилност и како да ги изработуваат, а воедно беа напоменати и другите Европас документи.
Во период од 2 до 5 декември, во Битола, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност реализира две редовни обуки за волонтери кои се вклучени во волонтерски активности во Република Северна Македонија финансиски поддржани преку програмата Еразмус+ и Европски солидарен корпус.
На 26 ноември претставници од Националната агенција присуствуваа на Еразмус меѓународна недела што се одржа при Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.
На настанот присуствуваа професори и студенти од Универзитети од Бугарија, Полска, Литванија и Шпанија, како и претставници од домашните универзитети и студенти.
На 27 ноември се одржаа презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс во ООУ Ацо Шопов во Радишани.
Претставничката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска, која воедно е вработена во Европас центарот при Националната агенција, ги презентираше европските образовни мрежи пред одделенските и предметни наставници од ООУ Ацо Шопов.
Во согласност со работната програма за 2019-2020г., Националната агенција за европски образовни програми има предвидено учество на тројца (3) наставници од училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште,на PDW(eTwinnning Professional Development Workshop) за “Digital Competences & IT Didactics” во Виена - Австрија од 11-13 декември 2019 г.Износот на котизацијата и патните трошоци ги покрива Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Во периодот од 18 до 20 ноември, во Охрид, се одржа Европас конференција, на која присуствуваа 40 наставници од основните и посебните училишта од Скопје и од Велес.
Конференцијата Европас е одржана согласно програмата за европската мрежа Европас.
Од 19 до 20 ноември, во Брисел, се одржа состанок за претставниците на еТвининг Националните сервиси за поддршка од Европа, на кој присуствуваа претставничките од Националната агенција, Деспина Србиновска и Драгица Ивановска, а кој го водеа претставници од Европската комисија.
На 15 ноември во Брисел беше одржан заеднички состанок за Европас, Еврогајденс и Европска рамка за квалификации.
На настанот учествуваа претставници од националните Европас и Еврогајденс центри како и национални координатори на европската рамка на квалификации. Од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која е воедно е и национален Европас и Еврогајденс центар, учествуваа Маја Колекеска, Гоце Величковски и Александар Гочев.
Во периодот од 13 до 15 ноември, на покана од Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура, претставници од Националната агенција присуствуваа на состанок за Еразмус+, високо образование кој се одржа во Брисел, Белгија.