tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

Моментално нема новости.

ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА ЕТВИНИНГ УЧИЛИШТА

Понеделник, 8 јули 2019 година

Денеска, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, се одржа Доделување на сертификати за еТвининг училишта.

Со ваква ознака, за оваа година, се здобија оние училишта што беа најактивни во еТвининг платформата: ООУ Невена Ѓеоргиева Дуња од Скопје; ООУ Јоаким Крчовски - Крива Паланка; ООУ Браќа Миладиновци - с. Добрушево; СОУ Љупчо Сантов - Кочани; ООУ Св.Климент Охридски - Битола; ООУ Ѓорѓи Сугарев - Битола; ООУ Даме Груев - Битола; ООУ Дедо Иљо Малешевски - Берово и ООУ Кочо Рацин - Кратово.

Повеќе...

ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА КА103, КА107 И ЗА СТУДИРАЈ ВО ЕВРОПА

Петок, 28 јуни 2019 година 

Во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се одржаа две работилници на 26 и 27 јуни, за програмата Еразмус+, високо образование КА103, КА107 и Студирај во Европа.               

На работилниците присуствуваа Еразмус координатори и професори од 22 високообразовни институции од државата.

Пред претставниците од универзитетите беа презентирани правата и обврските за академската 2019/2020 година, согласно програмата Еразмус+ како и согласно договорите што е потребно да се склучат помеѓу Националната агенција и универзитетите.

Повеќе...

ТАС настан: "Кон колаборативна пракса" Форум

15-19 октомври 2019 | Сан Лоренцо де Ел Ескориал (Мадрид), Шпанија

"Кон колаборативна пракса" Форум: Крос-секторски настан кој го истражува потенцијалот на Младинската работа и Еразмус + за да го поттикне социјалното претприемништво меѓу младите луѓе.

Младите луѓе во своите раце имаат моќ да ја обликуваат иднината. Нивната креативност и бестрашното одлучување, заедно со основаното чувство на заедница, може да биде камен-темелник за подобра иднина за нашето општество. "Кон колаборативната пракса" (TCP) е растечка заедница на младински работници, едукатори, претприемачи и владини претставници кои сакаат да ги инспирираат младите луѓе да имаат позитивно општествено влијание и влијание врз животната средина во светот.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ЕВРОАЗИСКИ САМИТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

Понеделник, 24 јуни 2019 година

Од 16 до 20 јуни 2019 година, претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Александар Богојевски и г. Астрит Реџепи учествуваа на Евроазиски самит за високо образование.

На самитот учествуваа и претставници од ФОН Универзитетот и Универзитетот ВИЗИОН од Република Северна Македонија, како и универзитети од Русија, Германија, Велика Британија, Обединети Арапски Емирати, Швајцарија и др.

Повеќе...

ЕТВИНИНГ НАСТАН - ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОБУКИ ЗА НАСТАВНИЦИ

Петок, 21 јуни 2019 година 

Претставничката од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (УКИМ) – Скопје, д-р Анета Наумоска, која првпат учествуваше на настан од ваков тип, заедно со одговорната раководителка на еТвининг во Р. С. Македонија, г-ѓа Мила Протуѓер-Анастасова, беа учесничките од републикава на овогодинешниот еТвининг настан одржан во Брисел, Белгија.

Настанот здружи 144 луѓе (претставници на национални агенции, професори, студенти) од 35 различни земји.

Целта на овој настан беше: да се претстави еТвининг и оваа иницијатива на сите претставници/професори од институции кои произведуваат наставен кадар (teacher training institutions), да се консолидираат минатите искуства од еТвининг преку одбрани презентации на претставници, да се споделат успешни приказни и добри практики од еТвининг проекти и да се дадат насоки за идни проекти, да се презентираат алатките и можностите што ги нуди оваа платформа, да се дискутира за потребите и очекувањата на токму овие професори во својот специфичен и индивидуален контекст, и најважно од сè меѓусебно да се запознаат колеги и колешки од други земји со кои би воспоставиле меѓуинституционална соработка не само за еТвининг туку и за Еразмус+.

 

 

 

 

  

Повеќе...

УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ВО ЈУГОИСТОЧЕН РЕГИОН

Понеделник, 10 јуни 2019 година 

На 6 јуни 2019 година, во хотел Сириус, во Струмица, претставникот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Астрит Реџепи, учествуваше на Меѓународна конференција за рамномерен регионален развој во Југоисточен регион, каде имаше излагање на тема: „Младите и образованието во склоп на програмата ЕРАЗМУС+“.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како институција која ги промовира и спроведува европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот во нашата земја, беше поканета да ги презентира можностите што ги нуди агенцијата, во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата.

 

Повеќе...

Презентација за Ерамус+ Програмата и европските образовни мрежи

Петок, 30 мај 2019 година

На 30 мај, во ООУ Марко Цепенков во с. Зелениково, се одржаа Презентации за Еразмус+ Програмата и европските образовни мрежи.

Г-га Анабела Насковска, вработена во Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност им ги презентираше европските образовни мрежи и Еразмус+ Програмата.

На овие презентации присуствуваа наставниот кадар и стручната служба од ООУ Марко Цепенков.

Повеќе...

Учество на НА на меѓународната конференција од Еразмус+ проектот СПОДЕЛЕНО ПРИЈАТЕЛСТВО

Oд 25 до 27 мај 2019 година, претставниците на Националната агенција Снежана Орловиќ Стојановиќ и Дејан Златковски учествуваа на меѓународната конференција во рамките на проектот Споделено пријателство, финансиран од романската национална агенција, а која што се одржа во романскиот град Бакау. Две македонски училишта, ООУ Методи Митевски Брицо од Општина Лозово и ООУ Тодор Јанев од Општина Чашка беа партнери во проектот во кој што учествуваа шест училишта од Романија, Северна Македонија, Бугарија, Полска и Италија.

Повеќе...

ТАС настан: Повик за контакт семинар во Братислава, Словачка Република.

Тема на контакт тренингот и семинарот: “Building Partnerships for a Learner-Centred Approach”

Цел:

Целите на контактниот семинар ќе бидат следниве:

1. размена на добри практики при почетна и континуирана обука на наставниците за развој на компетенциите на наставниците неопходни за училиштата и универзитетите во Европа денес;

2. презентација на иновативни методологии и начини на предавање со фокус на наставата и учењето насочено кон учениците;

3. планирање на нови проекти.

Очекувани резулатти:

Нови стратешки партнерства во училишниот сектор и / или меѓусекторското партнерство / високо образовни партнерства (KA201, KA229, KA203), иновативни проекти фокусирани на учење во центарот на наставата и учењето и развивање на синергии помеѓу училиштата и универзитетите, запознавање со новите методологии за настава и учење, размена на добри практики, вмрежување.

 

Повеќе...