Образованието оди напред, ние го следиме.

 

tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en

Јавен повик за надворешни експерти за оценување на предлог-проекти и/или периодични и конечни извештаи од проекти во рамките на програмата ЕРАЗМУС+ (2014-2020)

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) е јавна институција формирана со закон и има надлежност за оперативно спроведување на децентрализираните акции од Еразмус+ програмата во Република Македонија.

Еразмус+ 2014-2020 е европска програма за поддршка на образованието, обуките, младите и спортот во Европа. Со буџет од 14,7 милијарди евра дава можности за над 4 милиони жители на Европа да студираат, да се обучуваат, да стекнуваат искуства и да волонтираат во странство. Еразмус+ се темели исклучиво на претпоставката дека вложувањето во образованието и во обуката се клучни за развивање на потенцијалите независно од возраста или искуството. Еразмус+ има за цел подигнување на квалитетот и важноста на квалификациите и вештините и им нуди можности на широк спектар на организации и поединци.

Повеќе...

Учество на презентација во ОУ „Климент Охридски“ Прилеп

Среда, 17 јуни 2018 година 

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова,  придружувана од вработените Драгица Ивановска и Мартина Најдовски, присуствуваше на презентација на Еразмус + програмата, што се одржа во Основното училиште „Климент Охридски“ од Прилеп.

Презентацијата беше организирана и со поддршка на Општина Прилеп.

На презентацијата директорката, г-ѓа Лидија Димова, им се заблагодари на организаторите за поканата и накратко ја образложи работата на националната агенција.

Повеќе...

Учество на студиска посета во Данската национална агенција

Вторник, 26 јуни 2018 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со свој претставник, во периодот од 17 до 20 јуни, учествуваше на студиска посета во Данската национална агенција.

За време на студиската посета учесниците беа запознати со образовниот систем на Кралството Данска, потоа со активностите што ги реализираа на полето на ЕКВЕТ и Еурогајденс.

Повеќе...

Користење на ECVET за долготрајна мобилност

Во рамките на годишната програма за работа, Секретаријатот на ЕКВЕТ организираше годишен ECVET Форум на 14-15 јуни 2018 во Софија, Бугарија

Претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Македонија учествуваа во работата на форумот.
Годишниот ECVET Форум 2018 беше посветен на темата "Користење ECVET за долготрајна мобилност". Во 2017 година, Европската комисија ја започна "ЕразмусПро", нова посветена активност во рамките на програмата Еразмус + за поддршка на долготрајната мобилност (3-12 месеци), особено пласманите на чираци во странство. ЕразмусПро ја отвори можноста за 50.000 дополнителни млади луѓе да поминат најмалку 3 месеци од нивната обука во друга земја-членка во периодот 2017-2020 година.

Повеќе...

ТАС Настан: Повик за студиска посета во Романија

Theme: Promoting entrepreneurial skills through formal and non-formal activities

Целта на тренингот:

На тренингот, учесниците ќе научат за:

- Образовните политики насочени кон претприемачки вештини и национални програми кои ќе придонесат за  зголемување на можностите при вработување.

- добри практики на европско / национално ниво насочени кон претприемништво,  социјално и емоционално учење;

- добри практики за обука на наставниците и обучувачите и начин за пренесување на знаењата до учениците;

- односот помеѓу центрите за обука на наставници, наставниците и училиштата и начинот на кој тие работат заедно;

Повеќе...

Учество на министерски состанок во Брисел

Понеделник, 25 јуни 2018 година

Денеска во Брисел се одржа 20. состанок на Платформата за управување со областите истражување и иновации на Западен Балкан, проследен со 7. Министерски состанок на платформата за образование и обука.

Покрај директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, на средбата учествуваа и министерот за образование и наука, г. Арбер Адеми, како и други претставници кои се занимаваат со областите образование, обука и наука и истражување.

Оваа платформа беше воспоставена во 2006 година за да овозможи полесна интеракција меѓу државите од Западен Балкан, државите-членки на ЕУ и трети страни поврзани со рамковните програми за истражување, технологија и развој и Европската комисија.

Повеќе...

Јубелеен инфографик на Јутпас

Понеделник, 25 јуни 2018 година

По повод одбележување на 10 години од постоење на Јутпас сертификатот, изработена е инфографика која ги прикажува важните елементи на сертификатот.

Сертификатот е наменет за млади лица и младински работници, а се користи за препознавање и валидација на неформалното образование и стекнати компетенции во Европа.

Повеќе...

Посета на ООУ „Никола Карев“ Крушево

Понеделник, 25 јуни 2018 година

Претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 21 јуни го посетија ООУ „Никола Карев“ во Крушево, при што ја претставија еТвининг платформата.

На средбата присуствуваа 23 наставници од училиштето, кои се интересираа за можностите кои еТвининг платформата ги нуди за наставниците и за учениците.

Повеќе...

Учество на настан посветен на идната европска образовна програма

Петок, 22 јуни 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, учествуваше на настан организиран од германското Министерство за образование и истражување во соработка со Европската комисија (Генералниот директорат за образование и култура), што се одржа во понеделник, на 18 јуни, во Брисел.

Во фокусот на дискусиите беше иднината на програмата Еразмус за периодот 2021-2027.

Повеќе...

Учество на Меѓународна конференција во Келн

Петок, 22 јуни 2018 година 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со свои претставнички учествуваше на Меѓународната конференција „Подобрување на квалитетот во проектите за КА1 во областа на училишно образование за мобилности на вработените во училиштата-дијалог помеѓу национални агенции, курс-провајдери и училишта“,  која беше организирана од страна на Националната агенција за програми на ЕУ во училишниот сектор, Служба за педагошка размена на секретиријатот на министри за култура во Келн.

Повеќе...

Работа на лице место со набљудување во Европас центарот во Националната агенција за европски образовни програми во Финска

Вторник, 19 јуни 2018 година

Од 13 до 15 јуни, вработени лица од Европас центарот од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност присуствуваа на Работа на лице место со набљудување во Европас центарот во Националната агенција за европски образовни програми во Финска.

Работниот состанок траеше два дена со неколку предавања на кои беше објаснето како работи Европас центарот во Финска и кои се нивните приоритети и цели за наредните три години.

Повеќе...