tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

ИНФОРМАЦИЈА ДО ЈАВНОСТА

Поради зголемен интерес на медиумите за јавниот повик за избор на правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности од работните програми за 2018 година на програмите и иницијативите на Европската Унија кои Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги управува.

Почитувани,

Во текот на денешниот ден од страна на повеќе медиуми од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, беа побарани телефонски информации во врска со јавниот повик за избор на правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности на националната агнеција. За доследно и целосно информирање на јавноста ве ивестуваме следното:

На ден 13.06.2018 година Националната агенција за европски образовни програми објави оглас бр.12/2018 за јавна набавка на услуги од агенција за организирање на настани (ПР агенција), на огласот од повеќе правни лица беше преземена тендерска документација, но понуда за огласот до крајниот рок беше доставена само од едно правно лице, Трговско друштво за туризам угостителство земјоделие и градежништво БАЛКАН НЕТ ТУРОПЕРАТОР ДООЕЛ Скопје. Во текот на постапката, од страна на правното лице не беше доставена банкарска гаранција со што јавната набавка се поништи, а на економскиот оператор му беше издадена негативна референца согласно Законот за јавни набавки.

По поништување на постапката, националната агенција на ден 24.08.2018 година објави повторно оглас бр.18/2018 за јавна набавка на услуги од агенција за организирање на настани (ПР агенција), на повторениот оглас не беше поднесена понуда од ниеден економски оператор, националната агенција го поништи и вториот повик поради не поднесени понуди.

По поништувањето на двете постапки од страна на националната агенција за предвидените активности беше зголемен максималниот буџет за реализација на истиот, поради дополнителна обврска што произлезе од донесената нова програма Европски солидарен корпус.

Согласно договорот кој националната агенција го има склучено со Европската комисија, националната агенција има право да објави јавен повик за избор на правно лице кое ќе спроведе логистичка поддршка, на ден 05.10.2018 година објави јавен повик за избор на правно лице за логистичка поддршка, од страна на националната агенција до сите економски оператори кои во претходните две постапки имаа преземено тендерска документација во два наврати беше испратен јавниот повик по е-маил со цел да добие што повеќе понуди од страна на економските оператори и да ја зголеми транспаретноста, јавниот повик беше објавен и на веб страната на националната агенција.

На ден 10.10.2018 година по затворање на јавниот повик од страна на комисијата за избор при Националната агенција беа разгледани доставените понуди, и беше извршен избор на правно лице, кое ги исполнува претходно зададените критериуми. Вкупно беа поднесени седум понуди од страна на економски оператори од кои шест ги задоволуваа техничките критериуми додека еден од економските оператори не продолжи во следната фаза, квалитетна проверка. Од шест поднеени понуди, согласно бодувањето кое го направи комисијата, на јавниот повик беше избрано правното лице Друштво за сценско-културни дејности КЛС ДООЕЛ Скопје, за што на ден 19. 10.2018 година беше склучен и договор помеѓу двете страни.

Согласно договорот со правното лице, националната агенција започна со реализација на активности кој од страна на правното лице КЛС ДООЕЛ Скопје, беа успешно, професионално и одговорно организирани за сите настани вклучувајќи ги и оние кои беа предвидени да се одржат во помал број а се организираа во поголем, докази за истите можете да пронајдете на нашата официјална веб страна www.na.org.mk и на нашиот фејсбук профил https://www.facebook.com/na.org.mk/?ref=br_rs . Воедно ве известуваме дека националната агенција е должна да ги спроведе сите предвидени активности и за истите ја известува Европската комисија.

На самиот крај ги повикуваме сите заинтересирани да ни се обратат преку нашата официјална маил адреса info@na.org.mk за сите дополнителни информации кои им се потребни, кои од наша страна во најкус можен рок ќе им бидат обезбедени.

Со почит,

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

РЕАКЦИЈА на објава на порталот "Економски лидер"

На ден 05.01.2019 година од страна на порталот "Eкономски лидер" е објавен долу наведениот текст, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност остро ги демантира изнесените информации за наводно противзаконско доделување на договор за јавна набавка, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е речиси 10 години корисник на услугите на „Опен мајд солушнс ДООЕЛ-Скопје“, која е компанија што се занимава со изработка и одржување на софтвер за финансиски работење на агенцијата.

Потпишувањето на договорот со„Опен мајд солушнс ДООЕЛ-Скопје“ е согласно законот за јавни набавки, бидејќи истата ги ужива авторските права, воедно сакаме да ве известиме дека првично договорот со посоченото правно лице е склучен во 2009 година, кога директорката Лидија Димова не беше на раководната позиција во агенцијата туку ја продолжи веќе воспоставената соработката со претходен договор од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ
ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ

РЕАКЦИЈА на објава на порталот "Економски лидер"

На ден 05.01.2019 година од страна на порталот "Eкономски лидер" е објавен долу наведениот текст, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност остро ги демантира изнесените информации за наводно противзаконско доделување на договор за јавна набавка, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е речиси 10 години корисник на услугите на „Опен мајд солушнс ДООЕЛ-Скопје“, која е компанија што се занимава со изработка и одржување на софтвер за финансиски работење на агенцијата.

Потпишувањето на договорот со„Опен мајд солушнс ДООЕЛ-Скопје“ е согласно законот за јавни набавки, бидејќи истата ги ужива авторските права, воедно сакаме да ве известиме дека првично договорот со посоченото правно лице е склучен во 2009 година, кога директорката Лидија Димова не беше на раководната позиција во агенцијата туку ја продолжи веќе воспоставената соработката со претходен договор од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ
ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ

Повеќе...

ЕТВИНИНГ ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА 2018

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/etw-conf/image001.jpgПеток, 9 ноември 2018 година

Македонските еТвининг амбасадорки Олгица Балајџиева, Габриела Стојановска заедно со одговорната раководителка на еТвининг во Македонија, Мила Протугер Анастасова и советничката од Бирото за развој Гордана Јанакиевска беа учесници на овогодишната еТвининг конференција во Варшава, која се одржа од 25 до 27 октомври 2018 година. 

Темата културно наследство е дел од многу проекти во еТвининг мрежата и затоа оваа година културното наследство беше главна тема на овогодишната конференција. Културното наслетство е важен дел на секоја земја и затоа оваа тема има големо влијание во секој сегмент од животот на еден наставник или еТвинер.

Беа организирани многу работилници со тема културно наследство, исто така на конференцијата беа презентирани и успешни приказни од еТвининг проекти  како инспирација за над 500 учесници од Европа и пошироко.

Повеќе...

Повик за пријавување на учесници за „Годишен настан за волонтери“ 7- 9 декември 2018 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националните агенции на Словенија, Бугарија, Турција и САЛТО Ресурсниот центар за ЈИЕ, организира регионален „Годишен настан за волонтери“, кој ќе се одржи од 7-9 декември 2018 во Скопје.

Регионалниот годишен настан за волонтери се организира за сите поранешни волонтери (долгорочни и краткорочни), кои, во периодот од декември 2017 до декември 2018, имаа учествувано во волонтерски активности преку Еразмус+ програмата. 

Учесниците ќе имаат можност во динамична и креативна атмосфера да ги споделат своите волонтерски искуства. Со користење на неформални методи на учење, ќе добијат информации и  алатки како најдобро да го искористат волонтерското искуство во иднина, во личниот и во професионалниот живот. Исто така, тие ќе имаат можност да направат регионално вмрежување и остварување на нови контакти.  Главен фокус за време на настанот ќе бидат реалните потреби на поранешните волонтери по завршување на волонтирањето.    

Повеќе...

СОСТАНОК НА ОДБОРОТ НА СТРАТЕГИСКО ПАРТНЕРСТВО „Youth@Work" ВО ИСТАНБУЛ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/turkey/image001.jpgПеток, 9 ноември 2018 година

Водечката група на Стратегиското партнерство „Youth@Work" од 5 до 8 ноември 2018 година, одржа состанок во Истанбул, Турција.

Претставниците од Македонија, директорката на Националната агенција, г-ѓа Лидија Димова и претставникот на Стратегиски партнерства од полето на млади, г.  Јовица Митевски учествуваа во изработување на работниот план за 2019 година, основање на национални консултативни групи и истражувања во регионите на партнерствата за зголемено вработување кај младите и развивање на компетенции за вработливост со преку синергија на Јутпас, „EntreComp" и „DigComp" моделите.

Повеќе...

ЗА ПРВПАТ ОДРЖАН ЕВРОГАЈДЕНС САЕМ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/saem-eurog/IMG_8223.JPGПеток, 9 ноември 2018 година

На 2 ноември 2018 година, Еврогајденс центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа Еврогајденс саем.

Еврогајденс саемот се одржува за првпат во Република Македонија, на којшто имаа можност средните стручни училишта од Скопје да ги претстават своите програми и струки пред учениците од 9. одделение од основните училишта.

Саемот се одржа во Сити Хал во Скопје, кој предизвика голема заинтересираност како кај учениците и кај професорите од средните стручни училишта, исто така, и кај наставниците, родителите и кај учениците од 9. одделение од основните училишта.

Повеќе...

ОДРЖАНА ЕВРОПАС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОХРИД

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/europass-ohrid/IMG_8301.JPGПеток, 9 ноември 2018 година

Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше Европас конференција, која се одржа од 4 до 6 ноември 2018 година, во хотелот Метропол во Охрид, и која беше наменета за наставници од основните училишта од Градот Скопје.

На конференцијата, присуствуваа 52 наставници од основните училишта од Градот Скопје, кои имаа можност во текот на сесиите на конференцијата да се запознаат со работата на Европас центарот и со сите Европас документи.

Повеќе...

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ЕТВИНИНГ

еТвининг амбасадорката Кристина Цонкинска, на ден 01.11.2018 година одржа презентација за еТвининг платформата на која присуствуваа 32 наставници од ООУ„Никола Карев“ и ООУ„Браќа Миладиновци“ во Пробиштип. На средбата, еТвининг амбасадорката Кристина Цонкинска зборуваше за своето искуство и еТвининг проектите во кои е вклучена, запознавајќи ги присутните за сите можности за иновативност во наставата и за професионален развој коишто ги нуди еТвининг.

Повеќе...

Повик за пријавување на учесници за “Годишен настан за акредитирани организации за волонтерски активности од програмата Еразмус+“

(29-30 ноември 2018 година)

Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност организира редовен “Годишен  настан за акредитирани организации од програмата Еразмус+ Волонтерски активности“ кој ќе се одржи од 29-30 ноември 2018 .

Целта на Годишниот настан е:

  • Градење на мрежа на развој на соработка помеѓу акредитирани организации (активни и неактивни)
  • Размена на искуства, идеи и добри практики
  • Десиминација на успешно реализирани волонтерски проекти.
  • Идентификација на проблеми со кои се соочуваат акредитираните организации (активни и неактивни)
  • Презентирање на можностите за аплицирање во 2019 година од страна на НА.   

Повеќе...

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ ВО ГОСТИВАР И КУМАНОВО

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/kumgost/IMG_8106.JPGЧетврток, 1 ноември 2018 година

Согласно програмата на Националната агенција за реализација на инфо денови за програмата Еразмус+, претставници од Националната агенција, г. Гоце Величковски, раководител на Сектор за координација и реализација на европските програми и мрежи, г-ѓа Деспина Србиновска Шандуловска, од Одделението за стратешки партнерства од областа на стручно и училишно образование, г.

Александар Богојевски, од Одделението за мобилности во високото образование, обука и млади и г. Јовица Митевски, од Одделението за стратешки партнерства од областа на млади и структурен дијалог,на 30 октомври учествуваа со презентации, на информативни настани во Гостивар и Куманово.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА СОСТАНОК НА МРЕЖАТА НА НАЦИОНАЛНИ АГЕНЦИИ ЕРАЗМУС+: МЛАДИ ВО АКЦИЈА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/vienna/43680946_711298082564309_4129626181978816512_n.jpgСреда, 31 октомври 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Лидија Димова, Снежана Симоновска, раководител на Сектор за индивидуални мобилности од областа на образованието, обука и млади и г. Гоце Величковски, раководител  Сектор за координација и реализација на европските програми и мрежи, учествуваа на редовен состанок на мрежата на национални агенции за Еразмус+, Млади во акција, кој се одржа од 23 до 25 октомври 2018 година, во Виена, Австрија.

На почетокот на работниот дел на состанокот воведни обраќања имаа г. Андреас Шнајдер, раководител на Сектор за европска и меѓународна младинска политика во Федералната канцеларија на Австрија и г. Герхард Мосхамер, директор на НА Австрија.

Работниот дел на состанокот започна со презентација на последните случувања во делот за млади во Еразмус+ и во Европски солидарен корпус. Господин Роберт Франче, како претставник на Генералнот директорат за образование, млади, спорт и култура (DG EAC),  даде детален осврт кон целокупната состојба во овие два дела со посебен осврт на последниот рок за аплицирање за Еразмус + во делот за млади и првиот рок за Европски солидарен корпус.

Повеќе...

УЧЕСТВО ВО РАДИО ПРОГРАМА ЗА МЛАДИ И ОБРАЗОВАНИЕ НА МРТ – ПРОГРАМА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК

Среда, 31 октомври 2018 година

На 30 октомври, претставник на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Астрит Реџепи, учествуваше во Радио програмата за млади и образование при Македоноската радио телевизија – програма на албански јазик.

За време на програмата се презентираа можностите во склоп на ЕРАЗМУС+, како и кој може да аплицира и кога се роковите за аплицирање.

Повеќе...