tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

Моментално нема новости.

Учество на настан „Кон колаборативни практики“

Петок, 25 октомври 2019 година

Од 15 до 19 октомври, во Мадрид, Шпанија, се одржа настан „Кон колаборативни практики“, организиран со поддршка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, а во соработка со Националните агенции од Шпанија, Велика Британија и Унгарија.

Повеќе...

Годишен состанок на членовите од Стратегиското партнерство „Млади на работа“

Петок, 25 октомври 2019 година

Во периодот од 12 до 14 септември 2019 година во Никозија, Кипар беше одржан годишниот состанок на членовите од Стратегиското партнерство „Млади на работа“.

Претставници на Националнат агенција беа г-ѓа Лидија Димова, директорка на Националната агенција и г.Јовица Митевски, кои на состанокот ги презентираа реализираните активности во изминатиот период, како дел од стратегиското партнерство „Млади на работи“.

Повеќе...

Учество на Саем за кариера и вработување

Вторник, 22 октомври 2019 година 

На 22 октомври се одржа Саем за кариера и вработување 2019 година, на платото при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“.

Националната агенција за европските образовни програми и мобилност беше дел од овој саем со свој штанд и свои претставнички: г-ѓа Мартина Најдоски и г-ѓа Анабела Насковска.

Претставничките од Националната агенција им објаснуваа на студентите како да пополнат Европас кратка биографија, како и каде да аплицираат за студентска мобилност и пракса и какви сè можности нуди Националната агенција.

Повеќе...

Одржана презентација во ООУ Рајко Жинзифов

Вторник, 22 октомври 2019 година 

На 21.10.2019 година се одржа презентација за европските образовни мрежи и Еразмус плус програмата во ООУ Рајко Жинзифов. 

На оваа презентација присуствуваа наставници од училиштето, кои се запознаа со можностите и бенефитите од Еразмус плус програмата и европските образовни мрежи.

Повеќе...

Учество на меѓународна конференција за високо образование во Блед

Понеделник, 21 октомври 2019 година 

На покана од Aкадемската асоцијација за соработка во високото образование, (Academic Cooperation Association),претставниците од Националната агенција, г. Александар Богојевски и г. Астрит Реџепи, присуствуваа на дводневна конференција во Блед, Словенија. 

Конференцијата се одржа на 17 и 18 октомври при што учествуваа претставници од високообразовни институции, национални агенции, Еразмус канцеларии и организации од голем дел на европски држави: Германија, Австрија, Србија, Словенија, Полска, Шпанија, Грција, Бугарија. 

Повеќе...

Одржани презентации за европските образовни мрежи

Понеделник, 21 октомри 2019 година

На 18 октомври се одржаа презентации за европските образовни мрежи Eвропас, Еврогајденс и Етвининг во СУГС Михајло Пупин.

На презентациите присуствуваа наставници и стручни соработници од училиштето.

 

Повеќе...

Учество на Недела на стручни вештини

Петок, 18 октомври 2019 година

Во организација на Европската комисија и Националната агенција за образование од Финска, во периодот од 14 до 18 октомври се одржува Неделата на стручни вештини во Хелсинки, Финска.

На настанот земаат учество организации  од најмалку  45 држави. Тие се домаќини на настани и активности кои ги нагласуваат придобивките од стручното образование и обука и имаат за цел да се потенцира начинот на кој СОО може да се спротивстави на нееднаквоста и да понуди практична обука за сите возрасти.

Повеќе...

Учество на неформален состанок за ВЕТ во Пореч

Петок, 18 октомври 2019 година 

Во периодот од 8 до 12 октомври во Пореч, Република Хрватска, беше одржан неформален состанок за вработените во Националните агенции, кои работат во полето на  стручното образование и обука.

На настанот учествуваа вработени од Националните агенции ширум Европа, а од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност присуствуваа Марија Стефковска и Маја Колекеска.

Повеќе...

Учество на четвртиот состанок на партнерите во ВЕТ трејсер истражувањето

Петок, 18 октомври 2019 години

На 1 октомври, во Рига, Латвија се одржа четвртиот состанок на партнерите во  ВЕТ трејсер истражувањето.

Имено, се работи за истражување, кое го спроведуваат заеднички, според усогласена методологија, неколку национални агенции од неколку европски држави: Полска, Белгија, Латвија, Велика Британија, Ирска, Австрија, Словачка, Чешка и Северна Македонија.

Повеќе...

Доделени повелби за стручно образование и обука за 2019 година

Среда, 16 октомври 2019 година

На 27 септември во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се одржа состанок со претставници на 4 институции кои се стекнаа со Повелбата за стручно образование и обука за 2019 година.

Марија Стефковска, соработник во областа на стручно и училишно образование ги додели Повелбите на координаторите од СОУ Ѓорче Петров од Прилеп, Средношколска академија за бизнис и администрација САБА од Скопје, Фондација Агро Центар за Едукација ФАЦЕ од Скопје и СОЗШУ Ѓорче Петров од Кавадарци.

Повеќе...