Образованието оди напред, ние го следиме.

 

http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/projects/   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en

ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Стокхолм, Шведска

Theme: Брз начин за вработување на мигранти (Fast track to employment for immigrants)

Целта на тренингот:

Целта на оваа активност е размена на знаења/искуства и развој на најдобрите практики за конкретни прашања во врска со признавње на мобилноста на студентите, стажирање (доброволно и задолжително) и мобилноста на вработените. Друг клучен елемент на активноста е формулирањето на излезните резултати од учењето во меѓународна перспектива.

Размена на добри практики и учење за национални иницијативи како што се стручно образование и обука, мулти левел соработка помеѓу заинтересираните страни, валидација, изучување на јазик.

Контакт семинарот ќе се реализира во Стокхолм, Шведска од 03 до 04 мај 2018.

Повеќе...

ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Прага, Чешка

Theme: Тематски семинар со фокус на Европската стратегија за интернационализација (EIS) во рамки на Повелбата за мобилност од областа на  стручно образование и обука и Универзитетска повелба од областа на високото образование - искуство, примери, препораки (Thematic seminar focused on European Internationalization Strategy (EIS) within VET Mobility Charter and ECHE – Experience, Examples, Recommendations)

Целта на тренингот:

- Презентација на практични примери од различни структури на Стратегијата (според големината и видот на институциите за стручно образование и обука и високо образование);

- Дискусија за формата и содржината на стратегијата (European Internationalization Strategy - EIS);

- Поголема свест за интернационализација меѓу училиштата за стручно образование и високо образование (фокусирани првенствено на интернационализација во рамките на програмата Еразмус +);

Повеќе...

ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Софија, Бугарија

Тема(Theme): Училници со подобра инклузија за учениците со дополнителни потреби (Making the classroom more inclusive for students with additional needs)

Целта на тренингот:

-Поттикнување за поголемо разбирање на еднаквоста во образовните средини и инклузивното образование;

-Истражување на начините за работа со деца;

-Разгледување на  примери за развивање на соодветни ресурси за учениците со различни способности;

-Размена на искуства од инклузивното образование од различни организации;

-Разгледување на примери за стратешко управување во училницата и како да создадете инклузивна средина;

-Едукативна посета на Инклузивниот центар.

Контакт семинарот ќе се реализира во Софија, Р. Бугарија од 27 до 31 мај 2018.

Повеќе...

Повик за аплицирање за Еразмус+ Повелба за високо образование (2019)

06.02.2018

tl_files/images/erasmus+baner_home.jpg

Еразмус+ Повелбата за високо образование обезбедува општа квалитативна рамка за европските и меѓунардоните активности за соработка кои што високо-образовните институции можат да ги реализираат во Програмата. Доделувањето на Еразмус Повелбата за високо образование е пред-услов за сите високо-образованите институции од програмските земји и кои што сакаат да учествуваат во трите клучни акции од Еразмус+. 

Повеќе...

Пријавување за работилници за аплицирање во KA2 акцијата

Во пресрет на рокот за поднесување апликации до 21.03.2018, во делот Мобилност на индивидуи во образовни полиња, Ве покануваме на работилница за процесот на аплицирање за проекти од КА2 акција, т.е. Стратешки партнерства.

За време на средбата ќе бидат опфатени теми од технички карактер (поднесување на веб апликација, потребна документација и фазите низ кои поминува апликацијата до одлучување), разгледување на достапните трошоци за финансирање, како и коментари и прашања на темата.

Повеќе...

ТАС Настан: МЛАДИНСКИ СОВЕТИ – ЛОКАЛНА И ИНТЕРНАЦИОНАЛНА РЕАЛНОСТ

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/2018/tca-warsaw18.jpgСЕМИНАР

9-13 АПРИЛ 2018 | КОНСТАНЦИН – ЈЕРЦИОРНА (ВАРШАВА), ПОЛСКА

Овој серминар има за цел да ја констатира реалноста на Младинските совети кои функционираат во различни земји како и да се истражи можноста за идна меѓусебна соработка.

СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ НА СЕМИНАРОТ СЕ:

  • Да се истражи реалноста на работата кај младинските совети во различни земји;
  • Да се истражат различни видови на младинско вклучување во процесите за донесување на одлуки, во рамките на младинските совети;
  • Презентација на добри практики;
  • Вмрежување на младинските совети кои ќе земат учество, да се истражат можностите за идна соработка.

Повеќе...

Известување за универзитетите носители на еразмус универзитетски повелби

Почитувани носители на еразмус универзитетски повелби,

Согласно повикот со краен рок за аплицирање 01.02.2018 за пограмата Еразмус+ во делот на високообразование ICM – KA107 (мобилности помеѓу програмски и партнерски држави) при пополнување на електронските апликациски формулари пријавени и утрдени се аномалии од технички карактер.

Техничките аномалии во апликациските формулари се поврзани со погрешни буџетските пресметки каде се наведуваат поголем број на мобилности во различни држави во една апликација. Доколку апликантот премногу брзо избере различни држави од различни региони/енвелопи во тој случај голема е веројатноста да не се појават буџети, пресметките на буџетите да бидат погрешни или пак називите на државите да бидат различни од тие што ги имате селектирано.

Повеќе...

Известување за промена на краен рок за аплицирање за КА103, КА108 и КА107 апликации

Известување за промена на краен рок за аплицирање за КА103, КА108 и КА107 апликации.

Ги информираме сите апликанти дека поради технички проблеми со електронскиот систем за аплицирање Европската Комисија испрати известување со кое се прологнира крајниот рок за поднесување на апликации за КА103, КА108 и КА107 за дополнителни 24 часа.

Новиот краен рок за поднесување на апликации е 2 февруари 2018 до 12.00 ч по локално време во Брисел (Средно-европско време).

Повеќе...

Известување за апликациските формулари за роковите за аплицирање во 2018 година

Националната агенција ги потсетува потенцијалните апликанти на програмата Еразмус+ за децентрализираните акции дека датумот за првиот рок за аплицирање за акциите KA105, KA205 и KA347 во 2018 година, се поместува за 15 февруари 2018 г, 12:00 часот (пладне) Средно-европско време.

Аплицирањето за акциите

  • KA108 -Акредитација на конзорциуми на високообразовни институции
  • KA110 -Акредитации на младински организации
  • KA103 -Мобилност на студенти и наставен кадар на универзитети
  • KA107 -Мобилност на студенти и наставен кадар на универзитети помеѓу програмски и партнерски земји на програмата Еразмус+
  • KA105 - Мобилност на младите
  • KA205 - Стратешки партнерства во областа на младите
  • KA347 - Структурен дијалог: Состаноци помеѓу млади луѓе и носители на одлуки во областа на младите

ќе се врши преку пополнување на онлајн веб формулари кои што се достапни на соодветната Веб страница на Европската комисија.

Повеќе...

Повик за аплицирање за учество на првата ЕТС конференција

ПРВА ЕТС КОНФЕРЕНЦИЈА

СЕМИНАР / КОНФЕРЕНЦИЈА, 26-28 МАРТ 2018 | МАЈНЦ, ГЕРМАНИЈА

Првата ЕТС конференција ќе се фокусира на споделување, истражување и дискутирање на идеи и стратегии за подобро градење на капацитетите и развој на квалитетот во рамките на младинската работа преку зголемено образование и обука на младинските работници.

 Истата можеби се однесува на вас доколку ги исполнувате следниве услови:

- сте вклучени во образование и обука на млади работници,

- сте заинтересирани да придонесете за понатамошен развој на квалитетна младинска работа,

- сте заинтересирани за стратегии за образование и обука и дискутирање за нив во европско-меѓународно опкружување,

- можеби ќе имате добар пример за пракса да ја споделите која е поврзана со образованието и обуката на младинските работници.

Повеќе...