Образованието оди напред, ние го следиме.

 

tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

Моментално нема новости.

Учество на координативен состанок за повеќе-корисничка годишна програма

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/hin/36308693_1707163352703875_4348561246539218944_n.jpgПеток, 29 јуни 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, на 28 и 29 јуни, учествуваше на „Координативен состанок за повеќе-корисничка годишна програма“, во организација на Секретаријатот за европски прашања.

Повеќе...

Учество на работен состанок на Мрежата на организациони единици за управување со човечки ресурси

Петок, 29 јуни 2018 година

На 26 јуни, во хотел Мериот Скопје, беше одржан работен состанок на Мрежата на организациони единици за управување со човечки ресурси, на кој присуствуваа раководителот за управување со човечки ресурси во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и номиниран член на мрежата.

Повеќе...

Учество на состанок за Транснационални активности за соработка во Будимпешта

Петок, 29 јуни 2018 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со свои претставници од 11 до 14 јуни 2018 Во Будимпешта, учествуваше на годишниот состанок за Транснационани активности за соработка во полето на млади. Претставниците на националната агенција, Јовица Митевски и Дејан Миланов, со својата контрибуција и размена на искуствотото придонесоа кон подобрување на процесот на селекција и видливост на активностите.

Сите новитети ќе најдат примена во подобрување на квалитетот на ТАС активностите во Македонија, каде најголем бенефит ќе имаат учесниците од Македонија.

Повеќе...

Презентација за европски образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг

Среда, 27 јуни 2018 година

Денеска во ООУ „Христијан Карпош“ - Куманово се одржаа презентации за европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг.

На презентациите покрај наставниците и стручната служба од ООУ „Христијан Карпош“ - Куманово  присуствуваа и наставници и стручна служба и од други училишта како што се ООУ „Крсте Мисирков“ - Куманово, ООУ „Христијан Карпош“ - с. Младо Нагоричане.

Повеќе...

Учество на презентација во ОУ „Климент Охридски“ Прилеп

Среда, 17 јуни 2018 година 

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова,  придружувана од вработените Драгица Ивановска и Мартина Најдовски, присуствуваше на презентација на Еразмус + програмата, што се одржа во Основното училиште „Климент Охридски“ од Прилеп.

Презентацијата беше организирана и со поддршка на Општина Прилеп.

На презентацијата директорката, г-ѓа Лидија Димова, им се заблагодари на организаторите за поканата и накратко ја образложи работата на националната агенција.

Повеќе...

Учество на студиска посета во Данската национална агенција

Вторник, 26 јуни 2018 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со свој претставник, во периодот од 17 до 20 јуни, учествуваше на студиска посета во Данската национална агенција.

За време на студиската посета учесниците беа запознати со образовниот систем на Кралството Данска, потоа со активностите што ги реализираа на полето на ЕКВЕТ и Еурогајденс.

Повеќе...

Користење на ECVET за долготрајна мобилност

Во рамките на годишната програма за работа, Секретаријатот на ЕКВЕТ организираше годишен ECVET Форум на 14-15 јуни 2018 во Софија, Бугарија

Претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Македонија учествуваа во работата на форумот.
Годишниот ECVET Форум 2018 беше посветен на темата "Користење ECVET за долготрајна мобилност". Во 2017 година, Европската комисија ја започна "ЕразмусПро", нова посветена активност во рамките на програмата Еразмус + за поддршка на долготрајната мобилност (3-12 месеци), особено пласманите на чираци во странство. ЕразмусПро ја отвори можноста за 50.000 дополнителни млади луѓе да поминат најмалку 3 месеци од нивната обука во друга земја-членка во периодот 2017-2020 година.

Повеќе...

ТАС Настан: Повик за студиска посета во Романија

Theme: Promoting entrepreneurial skills through formal and non-formal activities

Целта на тренингот:

На тренингот, учесниците ќе научат за:

- Образовните политики насочени кон претприемачки вештини и национални програми кои ќе придонесат за  зголемување на можностите при вработување.

- добри практики на европско / национално ниво насочени кон претприемништво,  социјално и емоционално учење;

- добри практики за обука на наставниците и обучувачите и начин за пренесување на знаењата до учениците;

- односот помеѓу центрите за обука на наставници, наставниците и училиштата и начинот на кој тие работат заедно;

Повеќе...

Учество на министерски состанок во Брисел

Понеделник, 25 јуни 2018 година

Денеска во Брисел се одржа 20. состанок на Платформата за управување со областите истражување и иновации на Западен Балкан, проследен со 7. Министерски состанок на платформата за образование и обука.

Покрај директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, на средбата учествуваа и министерот за образование и наука, г. Арбер Адеми, како и други претставници кои се занимаваат со областите образование, обука и наука и истражување.

Оваа платформа беше воспоставена во 2006 година за да овозможи полесна интеракција меѓу државите од Западен Балкан, државите-членки на ЕУ и трети страни поврзани со рамковните програми за истражување, технологија и развој и Европската комисија.

Повеќе...

Јубелеен инфографик на Јутпас

Понеделник, 25 јуни 2018 година

По повод одбележување на 10 години од постоење на Јутпас сертификатот, изработена е инфографика која ги прикажува важните елементи на сертификатот.

Сертификатот е наменет за млади лица и младински работници, а се користи за препознавање и валидација на неформалното образование и стекнати компетенции во Европа.

Повеќе...