Нова брошура за ЕВРИДИКА

tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/Brochure2016-de-rsz.png   tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/Brochure2016-rsz.png   tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/Brochure2016-fr-rsz.png
DE   EN   FR

Превод на извештајот за учење јазици во училиштата низ Европа и на македонски

Извештајот Клучни податоци за учењето јазици во училиштата во Европа е објавен и на македонски јазик. Оваа студија дава предлед на учењето јазици во училиштата низ Европа. Во Европа има преку 60 службени јазици што е последица на културолошкиот диверзитет на нашиот континент. Во извештајот се опишани главните образовни политики што се однесуваат на наставата и учењето јазици во 42 образовни системи.

Овој извештај одговара на некои важни прашања поврзани со оваа тема, како на пример: колку време поминуваат учениците учејки странски јазици, кои се десетте најчесто учени странски јазици, дали наставниците по странски јазици одат на обука во други држави, колкав е број на мигрантски ученици што го зборуваат наставниот јазик во својот дом, и други.

Повеќе...

Евридика публикации: Училишен и академски календар за учебната 2018/2019 година

tl_files/docs/eplus/eurydice/2018pub/image001.jpgПочеток на учебната годинаЕвридика ги публикуваше училишните и академските календар за учебната 2018/2019 годинаВо  оваа публикација ќе најдете информации за дистрибуцијата на празниците и бројот на наставни денови во компаративна перспектива.

Организација на наставата во Европа: Основно и средно образование – 2018/19

Како училишната година е организирана во различните образовни системи во Европа? И покрај многуте разлики, земјите покажуваат сличности во структурата на нивните Календари за организација на наставата. Во 10 земји учебната година започнува во август. Најрано почнува во Данска и Финска. Во однос на бројот на наставни денови, варијација постои помеѓу 156 дена во Албанија и 200 дена во Данска и Италија. 

Повеќе...

Учество на Националната агенција на меѓународен настан за претприемачко образование

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/Budapest/IMG_20180604_161039.jpgПонеделник 11 јуни 2018

Националната агенција за европски образовни програми учествуваше на тркалезната маса за претприемачко образование што на 4 јуни 2018 беше организирана во Будимпешта од страна на Junior Achievement Europe и Entrepreneurship Education Hub. Настанот беше потпомогнат од Министерството за технологија и иновации на Република Унгарија.

Целта на настанот беше низ отворена дебата да се извлечат заклучоци за имплементација на претприемачкото учење на националните нивоа, како да се овозможи подобра синергија на националните системи на меѓународно ниво и како EE-HUB и ЈА Europe може да придонесат во процесите на развој на политиките за претприемачко образование. 

Повеќе...

Евридика извештај: Време на настава во редовното задолжителнo општо образование во учебната 2017/2018 година

tl_files/docs/eplus/eurydice/2018pub/Instruction Time 2017-18 - Cover - Copy.jpgДали знаевте дека алоцираното време за настава за одреден предмет и дисциплина може да го зголеми интересот на учениците за тој предмет, и како последица, да влијае и на нивните перформанси.

Не само квалитетот на наставата туку и времето што е достапно за настава и учење може да има позитивен ефект на процесот на учење на учениците, и особено, на учениците со помали можности.

Овој Извештај за време на настава го анализира препорачаното минимално време за настава во редовното задолжително општо образование во 43 европски образовни системи за учебната 2017/2018 година. Особено внимание е посветено на читање, пишување и литература, математика, природни науки и општествени науки.

 

Повеќе...

Издание на Евридика: Краток преглед на Евридика за Граѓанското образование во училиштата во Европа за 2017 година

tl_files/docs/eplus/eurydice/2018pub/219_en_eurydice_brief_citizenship.jpg

 

Краткиот преглед на Евридика за Граѓанското образование во училиштата во Европа за 2017 година прикажува некои од главните наоди на генералниот извештај од издаден во ноември 2017, нагласувајќи ги разликите помеѓу регулативите во земјите и препораките во врска со граѓанското образование кои што може да влијаат на имплементацијата во училиштата.

Главните теми ги покриваат прашањата Што всушност е граѓанското образование, организацијата на наставните планови и програми, учењето за граѓанство во училницата и надвор од неа, оценувањето за граѓанско образование, обука на наставниците и училишните директори.

Повеќе...

Средба со избраните експерти на мрежата Евридика

tl_files/docs/eplus/eurydice/images/IMG_6092.JPGПеток, 4 мај 2018 година

Денеска, во просториите на Националната агенција, во насока на подобрување на транспарентност во работењето на Националната агенција, се одржа средба со избраните експерти на мрежата Евридика.

Во поздравното обраќање, од страна на директорката Лидија Димова, беше истакната важноста на студиите на мрежата Евридика за образовните системи и на кој начин преку имплементацијата на Еразмус+ проектите и активностите, во рамките на придружните мрежи, може да придонесеме во подобрувањето на образовните политики на национално ниво, а врз база на европските искуства.

Повеќе...

Публикација на Евридика: Кариера како наставник во Европа - Пристап, напредување и поддршка

tl_files/docs/eplus/eurydice/2018pub/Teaching Careers in Europe - Cover Vignette.jpgВо време кога важност на наставниците станува очигледно зголемена, кои се главните предизвици за професијата наставник поврзани со побарувачка и обезбедувањето на соодветен број на наставници?

Како образовните системи им пристапуваат на овие прашања? Кои се условите за да некој стане наставник? Која е поддршката што ја добиваат наставниците? Кои се можностите за кариера во оваа професија?

Повеќе...

Публикација на Евридика: Извештај за граѓанското образование во Европа 2017

tl_files/docs/eplus/eurydice/2017pub/CitizenshipEd/Citizenship education - Vignette 2017(1).pngВо последните години се ставаше силен акцент на промоцијата на граѓанското образование, како резултат на зголемените закани за фундаментални вредности мирот, еднаквоста и човечките права, со кои е соочена Европа и како што неколку земји ги менуваат нивните политики во оваа област. Но, што е тоа Граѓанско образование? Како се поучува? Како се оценуваат учениците? Дали граѓанските вештини може да се развијат надвор од училницата? Каква обука и поддршка добиваат наставниците?

Извештајот е поделен во четири поглавја, секое надополнето со студија за последните иницијативи во политиките:

- Организација на наставните програми и Содржина
- Поучување, учење и активно учество
- Оценување на ученциите и евалуација на училиштата и
- Образование, професионален развој и поддршка на наставниците.

Повеќе...

Публикација на Евридика: Краток преглед за модернизацијата на високото образование во Европа: Академски кадар 2017

tl_files/docs/eplus/eurydice/2017pub/213_EN_eurdice_brief_academic_vignette_2_100x141px.jpgВисоко образовниот сектор во Европа доживеа длабоки промени во последните години. Како што расте бројот на студенти, нови механизми за финансирање и управување се воспоставуваат, системите за осигурување квалитет се повеќе се развиваат, а општествените очекувања и барање се прошируваат. Сепак, имаше премалку фокус на влијанието и последиците од овој развој за академскиот кадар, кој што игра витална улога во високо образовните институции и системи.

Повеќе...