Нова брошура за ЕВРИДИКА

tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/Brochure2016-de-rsz.png   tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/Brochure2016-rsz.png   tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/Brochure2016-fr-rsz.png
DE   EN   FR

ЕВРИДИКА извештај: Препорачано време на настава во задолжителното образование во Европа

tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/197_EN_TT_2016_Vignette.jpg

Овој извештај го анализира минималното препорачано време на настава по образовни нивоа и преку четирите клучн предмети (писменост, математика, природни науки и странски јазици) во редовното задолжително образование во 37 европски земји. Податоците се однесуваат на минималните побарувања за задолжителниот наставен план усвоен од надлежните власти на 42 образовни системи во учебната 2015/2016 година.

Извештајов дава компаративен преглед на разликите во времето на настава помеѓу основното и средното образование и ги посочува главните разлики што се случиле од 2010/2011 па до сега. Исто така ги вклучува и националните дијаграми и мапи кои ги прикажуваат податоците на минималното време за настава според земја и предмет. Анализите покажуваат дека годишното време на настава тежнее кон зголемување со промената на обравното ниво, а разликите помеѓу земјите стануваат помалку значајни.

Повеќе...

ЕВРИДИКА извештај: Претприемничко образование во училиштата во Европа

tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/image003.jpg

Овој извештај обезбедува преглед на мерките превземени во областа на претприемничкото образование во училиштата во Европа. Претставени се вкупно 37 образовни системи. Информацијата ги покрива 28 земји членки на ЕУ како и Македонија, Босна и Херцеговина, Швајцарија, Исланд, Лихтенштај, Црна Гора, Норвешка, Србија и Турција.

Развојот и поддршката на претприемничкото образование се едни од клучните политички цели во ЕУ и земјите членки во последните години. Ваквиот тренд е логична последица од зголемената свест за потенцијалот на младите луѓе и развојот на нивните комерцијални и општествени потфати со што стануваат иноватори во областите во кои живеат и работата. Претприемничкото образование е суштинско не само за да оформименталниот склоп на младите луѓе, туку и да се обезбедат вештини, знаења и ставови што се основа за развојот на претприемничката култура. Тргнувајќи од националните перцепции и дефиниции за претприемничко учење и анализата на стратешките мерките, акциски планови и буџети наменети за финансирање на механизмите за развој, извештајот исто така го испитува и интегрирањето на претприемничкото образование во националните наставни планови и програми и резултатите од учењето, како и интегрирањето во курикулумите во иницијалната обука и образование на наставниците. Во последното поглавје извештајот дава преглед на идните мерки што треба да се превземат во земјите во делот на претприемничкото образование во училиштата.

 

Повеќе...

ЕВРИДИКА извештај: Структура на образовните системи во Европа 2015/2016 - дијаграми

tl_files/docs/eplus/eurydice/192EN.jpg

Овој извештај обезбедува преглед на структурата на образовните системи во Европа за 20156/2016. Претставени се вкупно 42 образовни системи. Информацијата ги покрива 28-те земји членки на ЕУ како и Македонија, Босна и Херцеговина, Швајцарија, Исланд, Лихтенштај, Црна Гора, Норвешка, Србија и Турција.

За секоја земја дијаграмите покажуваат како се организирани образовните системи на пет нивоа: претшколско образование и нега, основно и средно образование, пост-средно не-високо образование, и главните програми што се нудат на терцијарно ниво.

Повеќе...

ЕВРИДИКА извештај: Национални системи за партиципација и поддршка на студентите во Европа

tl_files/docs/eplus/eurydice/Cover_Fees_and_Dzupport_Vignette.jpgОвој извештај прикажува како функционираат системите за наплата и поддршка (вклучувајќи и кредити и стипендии) во високото образование во Европа. Во продолжение на обезбедувањето на компаративен преглед на партиципациите и финансиската поддршка што им се на располагање на редовните студенти во 2015/2016, овој извештај вклучува на индивидуални прегледи за сите земји што ги опишуваат главните елементи на националните системи.

Повеќе...

ЕВРИДИКА извештај: плати и надоместоци на наставниците и директорите во училиштата низ Европа

tl_files/docs/eplus/eurydice/eurydice_logo.gifВо рамките на мрежата Евридика објавен е извештајот за платите на наставниците и директорите на училиштата во земјите членки на мрежата ЕВРИДИКА. Овој извештај содржи компаративна анализа на платите и надоместоците на наставниците и директорите за учевбната 2014/2015 година, како и поединечни детални прегледи за овие податоци за секоја земја посебно, кои што вклучуваат и податоци за годинпната бруто плата, типовите на надоместоци што ги добиваат наставниците и директорите за прекувремена работа и за соодветните дополителни одговорности.

Повеќе...

ЕВРИДИКА: белешка за извештаи за подобрувањето на наставата во ЕВРОПА

Во рамките на мрежата Евридика објавена е белешка коај што ги сумира резултатите од два извештаи што се однесуваат на подобрувањето на наставата во училиштата во Европа.

Истата е достапна од следниот линк.

Повеќе...

ЕВРИДИКА факти и податоци: училишен и академски календар во европските образовни системи

Во рамките на мрежата Евридика објавени се академскиот и училишниот календар во образовните системи на земјите членки на мрежата ЕВРИДИКА.

Документите, објавени во PDF формат и на англиски јазик, можете да ги превземете од следните линкови:

1. Organisation of school time in Europe: Primary and secondary general education - 2015/16 school year

2. The Organisation of the Academic Year in Europe - 2015/16

 

Повеќе...

Објавен нов извештај во издание на Евридика - Професијата наставник во Европа

Во рамките на мрежата Евридика објавен е извештајот за професијата наставник во Европа кој што содржи анализи помеќу политиките што ја регулираат професијата наставник во Европа, и практиките, ставовите и перцепциите на наставниците. Анализата покрива прашања и проблеми од областа на почетното образование на наставниците. континуираниот професионален развој, меѓународната мобилност, демографските фактори, условите за работа и атрактивноста на професијата. 

Повеќе...

Објавени нови извештаи во издание на Евридика

Во рамките на мрежата Евридика објавени се два нови извештаи што се однесуваа на европската област за високо образование и на времето за инструкција во рамките на задолжителното образование.

 

Документите можете да ги превземете од следните линкови:

1. The European Higher Education Area: Bologna Process- Implementation Report

2. Recommended Annual Instruction Time in Full-time Compulsory Education in Europe (2014/2015)

Повеќе...

Нова верзија на порталот ЕВРИДИКА

Извршната агенција за образование, култура и аудивизуелна политика ја пушти во функција новата верзија на порталот на мрежата ЕВРИДИКА, каде што можете да најдете веродостојни информации за сите аспекти на образовните системи во Европа. Новата верзија на порталот е дизајнирана на начин да им одговори на потребите и барањата на корисниците на Евридика – и особено ја нагласува потребата да се најдат важните информации на брз и едноставен начин.

Повеќе...