Дали лицата од пазарот на труд “PLM” – ќе бидат инволвирани во Еразмус+?

Во Вторник, на 19ти Ноември 2013 година, Дорис Пак, пратеник во Европскиот парламент потврди дека лицата кои се невработени, повеќе нема да бидат подобни да аплицираат во Леонардо да Винчи програмата, во склоп на Еразмус +.

Ние сме свесни дека овој податок е разочарувачки за повеќето од нашите моментални проекти кои имаат испратено лица на пазарот на труд на стажирања од претходната програма Доживотно учење.

ВЕТ провајдерите сеуште ќе имаат можност да испраќаат штотуку дипломирани студенти на стажирање во состав на програмата Еразмус +. Детали во врска со тоа како оваа работа ќе се реализира во пракса, ќе бидат достапни во Повикот за предлог проекти кој ќе биде транспарентно објавен.

Организациите кои имаат желба да испраќаат лица кои бараат работа на стажирања во Европа, сега ќе биде потребно да ги истражуваат можностите кои им ги обезбедува Европскиот Социјален фонд.  Повеќе информации можете да најдете на следниот линк: http://ec.europa.eu/esf/home.jsp

Назад