Дали Националната агенција може да ми помогне за пронаоѓање на партнерства во програмата Еразмус+?

Националната агнеција не е во позиција директно да посредува во склучување на партнерства, за разлика од еТвининг. Сепак, постојат некои ресурси кои можат да помогнат во дополнителна помош и да дадат правилни насоки.

Користење на постоечки институционални врски

Многу организации веќе имаат европски линкови преку мрежни тела, партнерства или работни контакти. Претходната соработката со партнерите на вашата организација подразбира дека можете да ја зацврстите и за идни проекти.

Користење на европските организации за поддршка

Сервисот Еуродеск содржи листа на ресурси кои ќе ви помогнат да најдете партнерства за различни типови на проекти. Во однос на финансирање на проекти во полето на спорт, партнери можете побарате со алатката за барање на партнери од спортот достапен преку Европската Комисија.

Датабаза ЕВЕ

Датабазата ЕВЕ претставува електронска платформа за европски проекти од културата, млади и доживотно учење.ЕВЕ може да се користат како алатка за подобрување на вмрежувањето и лоцирање на потенцијалните партнери.

Користење на други проекти

Може да ги контактирате тековните или изминати проекти од Доживотно учење во оној дел за кој сте вие заинтересирани или да побарате препорака од истите за некој друг партнер. Детали за проекти може да најдете на интернет страната на Леонардо, на Грундвиг или на интернет страната на Комениус. Истотака, можете да бнајдете детали од сите изминати проекти на централизирано ниво, вклучително и контакти од организации на интернет страната на извршната агенција во Брисел.

Мрежа на социјални медиуми

Побарајте ја мрежата за пронаоѓање на ЕУ партнерства преку социјалниот медиски канал како „EU Projects Partner Finding“ на Facebook и „EU Projects Partner Finding“ на LinkedIn.

Назад