Кои се различните клучни акции?

Клучна акција 1: Мобилност за учење на индивидуи

Мобилноста за транснационално учење овозможува  подобри вештини на луѓето, личен развој и вработување. Со превземените мерки Европската Комисија сака да го зголеми значително износот на мобилности што се одвиваат во сите земји учеснички на програмата. Во рамките на предложениот буџет се проценува дека 5.000.000 луѓе за периодот помеѓу 2014 и 2020 година би можеле да бидат дел од оваа клучна акција.

Оваа клучна акција ќе поддржи четри различни видови на активности од областа на формалното и неформалното образование:

• мобилност на индивидуи (сите сектори на доживотното учење, образование и обука на професионалци вклучувајќи и младински работници кои се вклучени во образованието, обуката или неформално учење за млади)

• Мобилност на студенти од Високообразовни институции и студенти во полето на стручно образование и обука (студирање, работа базирана на учење, обука)

• Мобилност на студенти на последипломски студии (студентски кредит-шема за грантирање)

• Младински размени и волонтирање на младите.


Клучни Акција 2: Соработката за иновации и размена на добри практики

Транснационални проекти за соработка ја поттикнува транспарентноста, иновациите и размената на најдобрите практики во Европа.

Оваа акција ќе поддржи четири различни видови на активности:

• Стратешки партнерства (мали партнерства и големи транснационални проекти), вклучувајќи и младински иницијатива проекти и соработка младинскиот сектор

• Алијанси на знаење и Алијасни за секторски вештини (структурирани партнерства помеѓу Високообразовни институции и бизнисот, и студенти во полето на стручното образование и обука и бизнис соодветно)

• ИКТ платформи (моделот еТвининг е изграден на три платформи)

• Градење на капацитети (проекти на Високообразовни институции со трети земји).

Клучна акција 3: Поддршка на реформските политики

Целта на оваа акција е да се зајакне поддршката за активности кои помагаат во управувањето на агендата на ЕУ  за образование и обука.

Оваа акција ќе поддржи три различни видови на активности:

• Отворен метод на координација и Европскиот семестар (поврзани со образование и обука 2020, Европа 2020)

• ЕУ алатки (валоризација и алатки за имплементација)

• Политички дијалог (со засегнатите страни, трети земји и меѓународни организации), вклучувајќи и младински структуриран дијалог.

Назад