Кои земји се квалификувани за учество во Еразмус+?

Програмата ќе биде отворена за :

• Земјите членки на ЕУ

• Земјите пристапнички кон ЕУ, земјите кандидати и потенцијалните кандидати кои имаат корист од претпристапната стратегија

• Земјите од Европската слободна трговска зона (EFTA) кои се потписнички на Договорот за Европската економска област (ЕЕА)

• Швајцарската Конфедерација, под услов да има склучено посебен меѓународен договор

• Земји опфатени со Европската соседска политика, со кои е склучен билатерален договор

Земјите-членки на ЕУ се автоматски Еразмус+ програмски земји. Другите земји во листата погоре може да станат програмска земја доколку исполнат одредени административни услови и воспостават Национална агенција за управување со програмата.

Сите други земји во светот се земјите-партнери и можат да учествуваат во одредени активности или во согласност со специфичните услови.

Назад