Кој може да аплицира за грантирање?

Организациите во сите сектори кои се активно вклучени во обезбедување на формално и неформално образование, обука и младинска работа ќе бидат во можност да аплицираат за грантирање за нивните вработени и ученици. Целосните критериуми за квалификуваност се уште не се објавени од страна на Европската комисија.

Дополнителни информации за високообразовните институции

Нa сите високообразовни институции (ВОИ) мора да им бидат доделени нови Еразмус повелби за високо образование (ECHE) за да бидат квалификувани за грантирање во новата програма. Крајниот рок за пријавување за 2014/15 е завршен; Институциите ќе можат да аплицираат за идно учество во следниот повик.

Назад