Зошто постои потребата од нова програма? Зошто тековните програми исчезнуваат?

Тековните програми финансирани, подржани и менаџирани од Генералниот директорат за образование и култура, како што е програмата за доживотно учење, Млади во акција и други меѓународни програми имаат одобрение да се кандидираат  за периодот од 2007 до 2013 година под буџетскиот период на Европската унија.

Досегашниот буџетски период доаѓа при крајот, Генералниот Директорат за образование и култура ги разгледува програмите кои поддржуваат образование, обука, млади и спорт и истражуваат случувања кои би можеле да ги направат поефикасни и покорисни.

Како резултат на предлогот за радикално да се промени структурата на програмите е осмислена за да се создаде повеќе рационалелн пристап и поедноставување на пристапот до финансирање. Еразмус + ќе ги замени седумте постојните програми со една. Единствената програма ќе резултира со поедноставени праила и процедури за аплицирање, како и избегнување на фрагментација и дуплирање.

Главните активности на постоечките програми ќе продолжат (т.е.мобилностите за учење, проекти за соработка и поддршка за реформи на политиките), но активностите ќе бидат зајакнати. Исто така, постојат голем број на нови иновативни можности за финансирање, вклучувајќи степен студентски кредит шемата за грантирање на Еразмус мастерс студиите, сојузи на знаења и секториски сојузи за вештини.

Целосната листа од програми се состои од: Програмата за доживотно учење (вклучувајќи Жан Моне); Млади во акција; Еразмус Мундус; Темпус; Алфа; Едулинк; билатералната соработка со индустријализираните земји; Спорт и подготвителни активности.

Назад