Јавен повик за контакт точки за програмата Млади во акција

15-07-2012 - 16-07-2012

Објавен е јавниот повик за контакт точки за програмата Млади во акција. Крајниот рок за доставување на апликациите е 15 јули 2012 г. 

 

Врз основа на Решение  бр.    02-414/1 од 04.07.2012 г. донесено од Директорот, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

Ј А В Е Н  П О В И К

 за Контакт точки за програмата Млади во акција 

 

    Согласно работната програма за 2012 година. Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност има предвидено формирање на осум (8)  Контакт точки во Република Македонија кои ќе реализираат активности за промоција на програмата Млади во акција. 

Кој може да аплицира ?

Здруженија на граѓани, локални и регионални тела, кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Апликантот да е регистриран според Закон за здруженија на граѓани и фондации;
  • Да е активен најмалку 1 година до денот на објавување на Јавниот повик;
  • Да има административен капацитет за реализација на обврските, и тоа:
    • Постојан пристап до интернет, можност за редовна електронска комуникација;
    • Веб страница на која ќе има посебен простор за видливост на програмата „Млади во акција“;
    • Редовно и навремено ажурирање на новости и информации поврзани со програмата „Млади во акција“ ;
  • Да имаат интерес или искуство да работат со програмата „Млади во акција“; (имплементација на проекти/ корисници на програмата „Млади во акција“);
  • Да имаат познавање на состојбите во регионот во кој делуваат и посебно да имаат можност за воспоставување на непосреден контакт со потенцијални корисници на програмата „Млади во акција“ .
  • Да имаат воспоставена редовна и добра комуникација со релевантни институции на регионално и национално ниво кои учествуваат во креирањето и имплементирањето на националната политика за млади.

    Избраните Контакт точки нема да имаат право да се јават како корисници на програмата Млади во акција за грантови кои се менаџирани децентрализирано и се доделуваат од страна на Националната агенција.

Која е улогата на контакт точките?

Главна улога на контакт точките е реализација на активности преку кои ќе се  врши дисеминација на информации на регионално ниво за можностите и начинот на користење на програмата „Млади во акција “. 

Контакт точките ќе бидат обврзани  да ги реализираат следните активности на месечно ниво:

  1. На барање на потенцијалните корисници да обезбедат информации за прашања поврзани со програмата „Млади во акција“ , помош при подготовка на апликациите за „Млади во акција“и консултации за имплементација на веќе одобрени проекти преку програмата  „Млади во акција“ на децентрализирано ниво;
  2. Обезбедување на релевантни податоци на веб страницата за улогата на организацијата како контакт точка за програмата „Млади во акција“;
  3. Дисеминација на информации за можностите на програмата Млади во акција преку организирање на настани/советувања/ презентации или други активности за потенцијални корисници на регионално и локално ниво;
  4. Активна соработка и размена на информации за добри практики и искуства со другите  контакт точки кои ќе бидат воспоставени од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Период на активности на Контакт точки за програмата „Млади во акција“

    Контакт точките за програмата „Млади во акција“ ќе бидат ангажирани согласно правилата и процедурите на ЕК  за период од 5 месеци  или до 31.12.2012 година.

    Правата и обврските помеѓу Контакт точките и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност  ќе бидат регулирани со договор кој  ќе биде потпишан од овластени лица на двете страни.

Како може да се аплицира?

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат претходно наведените критериуми треба да ги достават следните документи :

  • Пополнат Формулар за апликација (потпишан од овластен  лице и со печат )  
  • Тековна состојба на правното лице од Централен регистар
  • CV на организацијата

Ве молиме пополнетиот формулар за апликација со дополнителните документи испратете го исклучиво по пошта најдоцна до 15.07.2012 година (датум на поштенска пратка)  на следнава адреса:

Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност

Порта Буњаковец А2-1,

МК-1000 Скопје

Сектор младински активности

(Јавен повик за контакт точки „Млади во акција“)

 

 

Назад