15.07.2012 (Недела) | Јавен повик за промотори за програмата Доживотно учење

15-07-2012 - 16-07-2012

Објавен е јавниот повик за промотори за програмата Доживотно учење. Крајниот рок за доставување на апликациите е 15 јули 2012 г. 

Врз основа на Решение  бр. 02-50/4 од 03.07.2012 г. донесена од Директорот, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за Промотери за програмaта Доживотно Учење

    Во согласност со работната програма за 2012г. Националната агенција за европски образовни програми има предвидено назначување на 8 промотери во Република Македонија кои ќе реализираат активности за промоција на програмта Доживотно Учење.

    Правата и обврските помеѓу Промотерите и Националната агенција за европски образовни програми и ќе бидат регулирани со договор кој ќе биде потпишан од овластени лица од двете страни. Избраните промотори нема да имаат право да се јават како корисници на програмите.

Кој може да аплицира?

    Здруженија на граѓани, локални и регионални тела, основни и средни училишта, високообразовни институции, работнички универзитети, индивидуи (номинирани и поддржани од страна на соодветни институции) кои имаат контакти поврзани со целните групи на програмата.

Која е улогата на промотерите?

    Главната улога на промотерите е реализација на активности преку кои ќе се даваат информации на регионално ниво за можностите и начинот на користење на програмата Доживотно Учење.

  • На барање на потенцијалните корисници да обезбедат информации за прашања поврзани со програмата Доживотно Учење.
  • Помош при подготовка на апликациите на заинтересираните апликанти за различните секторски програми.
  • Промоција на можностите на програмта Доживотно Учење преку отстапување простор за инстата на промотивни настани организирани од страна на нивната организација/институција или други активности каде се вклучени потенцијални корисници на програмата.
  • Активна соработка и размена на информации за добри практити и искуства со другите промотори кои ќе бидат избрани од стран на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Период на активности

Промотерите за програмта Доживотно Учење ќе бидат ангажирани до 31 декември 2012 година.

Како се аплицира за промотер?

Сите заинтересирани субјекти и правни лица кои би исполнуваат предходно наведените критериуми треба да ги достават следните документи по пошна во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност:

  • Пополнат формулар за апликација (потпишан од овластено лице и со печат);
  • Копија од Решение од Централен регистар;
  • Биографија на лицето од институцијата кое ќе биде задолжено да биде промотор;
  • Други документи кои се релевантни а се поврзани со активности на промоторот.

Рок за аплицирање

Заинтересираните можат да ги поднесат горенаведените документи не покасно од 15 јули 2012 година (датум на поштенска пратка).

Формулар за аплицирање

 

Назад