Новости

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ЕВРОПАС И ЕВРОГАЈДЕНС

Петок, 14 декември 2018 година

Преставничката од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска-Петрески, денеска одржа Презентации за Европас и Еврогајденс во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, кои беа наменети за учениците од трета година.

На учениците им беа објаснети европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс, со посебен фокус на Европас кратката биографија и Европас јазичниот пасош.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ТРЕНИНГ/КУРС ЗА НОВОДОЈДЕНИ ВО НАЦИОНАЛНИТЕ АГЕНЦИИ

Четврток, 13 декември 2018 година

Во периодот од 26 до 30 ноември 2018 година, во Брисел, се одржа тренинг - курс за новодојдените во Националните агенции, на којшто учествуваа 28 учесници од од 14 Национални агенции од Европа .

Главен акцент на тренингот беше ставен на активностите во спроведувањето на програмата за Млади - неформално учење, на којшто од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, учествуваше Драгица Ивановска од Одделението за стратешки партнерства од областа на стручно и училишно образование. Целта на оваа обука е да развие холистичко разбирање и познавање на новодојденците за Европските младински програми и за можностите/поврзаноста помеѓу различните делови од програмите. Потоа да се ​​развијат надлежностите на новодојдените за поврзување на спроведувањето на програмите со вредностите и општите цели на самите програми и младинската политика на ЕУ.

Повеќе...

Младите го менуваат погледот за миграцијата и човековите права во Европа

Среда, 12 декември 2018 година

На 10 декември - Меѓународниот ден на човековите права беше иницирана бура со пораки преку „Twiter” со ознака #YoungTogether, која допре до повеќе од 650.000 лица во еден ден.

Илјадници млади луѓе и организации во Европа, како и 6 Национални агенции кои управуваат со програмата Еразмус+ (Австрија, Финска, Италија, Македонија, Естонија и Словенија) се соединија со цел да испратат јасна порака за Меѓународниот ден на човековите права, до младите луѓе, мигрантите и бегалците кои се залагаат за човековите права и против омразата.

Беше споделена визија на обоена, еднаква и инклузивна Европа за сите.

Повеќе...

Учество на Годишната директорска конференција на Национални агенции во Брисел

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/brisel/brussel21snoe.jpgСреда, 12 декември 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, заедно со вработените: Лулеса Илјази, Снежана Симоновска, Љупка Ќурчиева, Maja Колекеска и Милена Петрушевска присуствуваа на Годишната директорска конференција на Национални агенции, што се одржа од 20 до 22 ноември 2018 година, во Брисел.

За време на настанот се одржуваа и паралелни сесии по одделни полиња од Еразмус+ програмата: училишно образование, стручно образование и обука, високо образование, образование за возрасни, млади и спорт и меѓународна димензија на високо образование. 

Повеќе...

РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА ВОЛОНТЕРИ ОД ПРОГРАМСКИ ДРЖАВИ КОИ ВО МАКЕДОНИЈА УЧЕСТВУВААТ НА ПРОЕКТИ ПРЕКУ ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС +

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/volonteri/48275582.jpgВторник, 11 ноември 2018 година

Од 2 до 4 декември во Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност реализираше редовна обука за волонтери од програмски држави кои се вклучени во волонтерски активности во Македонија преку програмата Еразмус +.

Обуката по пристигнување на волонтери се одржа од 2 до 4 декември 2018 г. во Скопје,  хотел “Александар II”-Скопје.

На обуката учествуваа волонтери кои се на почеток со волонтерски активности, и тие за време на обуката преку различна методологија имаа можност да добијат дополнителни информации за програмата Еразмус+;

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ЗА ИНКЛУЗИВНИ МЕТОДИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Петок, 30 ноември 2018 година 

На 29 ноември во Занаетчискиот дом Куманово се одржа конференција на која учествуваа наставници од основни и средни училишта, претставници од невладиниот сектор и млади луѓе, на која преку работна дискусија беше одржан панел за инклузивни методи во образованието, идентификување и инклузија на лицата со помали можности и посебни потреби во образованието.

Претставникот на Националната агенција, г. Јовица Митевски, како говорник на панелот, ги претстави моделите на акциите преку Еразмус+ програмата кои поддржуваат инклузивни методи преку неформалното образование и притоа презентираше примери од добри пракси - проекти финансирани од програмата.

Повеќе...

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ТЕМА ПРЕТПРИЕМНИШТВО „УЧЕЊЕТО - ПАТ КОН УСПЕШЕН БИЗНИС“

Вторник, 11.12.2018 година

На 7 декември во хотел Епинал, Битола се одржа конференција со учесници од различни полиња претставници од училишта, универзитети, НВО, приватниот сектор и млади луѓе.

На конференцијата „Учењето - пат кон успешен бизнис”, која беше организирана од организацијата ЦЕФЕ Скопје, претставникот од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Јовица Митевски од Одделението за стратегиски партнерства од областа на млади и структурен дијалог ги презентираше акциите преку програмата Еразмус+.

Тој ги истакна можностите за стекнување на сет од дигитални и претприемнички компетенции, при што се разви интерактивна дискусија преку прашања од присутните.

Повеќе...

ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА И ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВОЗРАСНИ ВО БУДИМПЕШТА

Вторник, 11 декември 2018 година

Колекеска Маја, раководител на Одделение за буџетска контрола и Стефковска Марија, од Одделение за мобилности од областа на стручно и училишно образование, на 6 декември реализираа посета на NOVETAL (Национална канцеларија за стручно образование и обука и образование за возрасни), во Будимпешта, Унгарија.

За време на посетата, нашите вработени имаа можност да се запознаат со активностите на оваа Национална канцеларија, со посебен фокус на Еврогајденс центарот, кој што функционира во рамките на националната канцеларија.

Во тој контекст презентирани беа позитивните искуства од учеството на Унгарија во мрежата REFERNET, која со поддршка на CEDEFOP (Европски центар за развој на стручно образование), овозможува размена на знаење, собира информации и ги следи случувањата во националните политики и системи за стручно образование и обука.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ЕКВЕТ КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЕНА

Вторник, 11 декември 2018 година

На 22 ноември, во Виена, Австрија, се одржа ЕКВЕТ конференција на која се дискутираше за воведување на ВЕТ во високото образование и вреднување на резултатите од воведувањето на високо стручно образование и обука, на која учествуваше и г-ѓа Марија Стефковска од Одделението за мобилности од областа на стручно и училишно образование.

На конференцијата земаа учество министерот за образование на Австрија и директорот на Националната агенција од Австрија, како и ЕКВЕТ експерти од повеќе земји.

На почетокот се дискутираше околу терминот „високо стручно образование и обука“, затоа што во повеќето земји овој термин различно се толкува. Европските инструменти, особено ECVET и NQF/EQF, можат да го поддржат процесот преку донесување алатки за обезбедување на квалитет и појасно структурирање на квалификациите.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ТРЕТАТА ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА СТРУЧНИ ВЕШТИНИ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/vienna/eu-skills-week.jpgВторник, 11 декември 2018 година

Третата европска недела на стручни вештини (European skills week), во организација на Европската комисија и ЦЕДЕФОП, се одржа во Виена, Австрија од 5 до 9 ноември.

Мотото на неделата беше „Откријте го вашиот талент", а целта да се покаже дека ВЕТ е паметен избор што води до успешни резултати во образованието, висококвалитетни работни места и зголемени можности за вработување.

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лулеса Илјази, раководител на Секторот за стратешки партнерства од областа на образованието, обука и млади и г-ѓа Марија Стефковска од Одделение за мобилности од областа на стручно и училишно образование посетија едносредно стручно училиште во Виена, каде беа срдечно пречекани од директорот на  текстилното и информатичко училиште и  каде имаа кратка презентација на сите нивни активности.

Потоа посетија училиште каде што се одвива практичната обука и теоретска настава на учениците. Тие беа воодушевени од организираноста на наставата по кабинети (работилници), како и од нивната опременост со нагледни средства. Учениците заедно со професорите им презентираа дел од својата работа: како се принтаат слики на материјали, како се слика на стакло, изработка на роботи и очила како дел од секторот за вештачка интелегенција; како се снимаат звуци за цртан филм во сонолошко студио итн.

Повеќе...