Новости

ОДРЖАНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО БИТОЛА

Вторник, 18 февруари 2020 година

На 13 февруари, во Битола, од страна на претставничка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, се одржаа презентации за Европас и Еврогајденс, европски образовни мрежи со кои раководи Националната агенција.

На презентациите учествуваа наставници, директори и стручна служба од следните средни училишта ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“, СОЕУ „Јане Сандански“, СОЗУ „Кузман Шапкарев“ и СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“, како и претставници од Општина Битола.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ИНФО ДЕН ВО БИТОЛА

Вторник, 18 февруари 2020 година 

На 10 февруари, претставникот од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, м-р Астрит Реџепи, на покана од Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охрдиски“ - Битола, учествуваше на Инфо ден, каде што се промовираа можностите на студентите и наставниот кадар во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата.

Исто така, беа презентирани и личните искуства на студентите и наставниот кадар за време на нивниот престој на мобилност.

Повеќе...

18-02-2020 12:10

ТСА настан: Неусогласеност на вештините со работните места

Цел и очекувани резулати: Оваа тематска работилница ќе биде посветена на премостување на јазот помеѓу образовнието и пазарот на трудот. За таа цел, очекуваме преку учество на претставници од сите релевантни чинители од светот на образованието и светот на бизнисот да се споделат заеднички добри практики и  да се иницира соработка која на крај ќе резултира со конкретни проекти и зајакнување на врските меѓу секторите.

Побарувачката за квалификувана работна сила, секојдневно расте. Работните задачи кои бараат поголеми вештини растат. Рапидно растат и работните позиции бараат повисоки нивоа на образование и обука. Средноквалификуваните места се намалуваат а очекуваниот просек на високообразование се задржува или расте.

Повеќе...

18-02-2020 10:59

ТАС настан: Кон колаборативна практика (TCP) 2020 форум на тема „Социјална иновација за социјална инклузија “

Форум „Кон колаборативна пракса“: Меѓу- секторски настан што го истражува потенцијалот на младинската работа и Еразмус + за поттикнување на социјалното претприемништво и социјалните иновации кај младите.

Ова издание на TCP форумот ќе биде можност да се дискутираат идните патеки за социјални иновации и за тоа како може да се поттикне социјалното вклучување, разгледување, во исто време, во исто време во теми како што се дигиталната технологија и претприемништво за вклучување и учество, женско претприемништво, интеграцијата на мигранти и мултикултурализам.

Повеќе...

18-02-2020 10:24

ТАС настан: Вклучи трансформирај реализирај транснационален форум II

Учесниците од младинскиот сектор ќе се соберат во Истанбул на транснационалниот форум „Вклучи, трансформирај, реализирај II“, за да дискутираат за тоа како да го зголемат активното учество и вклученоста на младите лица со посебни потреби во програмата Еразмус + ЈиА.

Програмата „Еразмус +“ нуди повеќе можности за сите, меѓутоа младите луѓе со посебни потреби сè уште имаат ограничен пристап до овие можности заради неколку физички и ставовни бариери. Целта е да се достигнат младинските работници, младинските лидери, обучувачи или олеснувачи со инвалидитет и без инвалидитет, со цел да се подобрат нивните капацитети за работа со млади лица со посебни потреби на локално / национално / меѓународно ниво во однос на програмата Еразмус + ЈиА и да се охрабрат за да се организираат инклузивни групни проекти за мешани способности.

Повеќе...

ОДРЖАНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ НА ЕВРОПСКИТЕ ОБРАЗОВНИ МРЕЖИ

Вторник, 11 февруари 2020 година

Претставничката на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска, на 7 февруари одржа Презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс во СОУ Киро Спанџов Брко– Кавадарци, на кои присуствуваа наставници и вработени во стручната служба на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци.

На презентациите посебен акцент се даде на Европас мобилност документот и кариерното советување на учениците.

Повеќе...

ОДРЖАНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ НА ЕВРОПАС И ЕВРОГАЈДЕНС МРЕЖИТЕ

Вторник, 11 февруари 2020 година

На 6 февруари, претставничка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, одржа презентации за европските образовни мрежи Европас и Евогајденс во СОУ Гостивар.

На презентациите присуствуваа над 200 ученици, кои беа поделени во три групи и кои беа запознати со европските образовни мрежи.

Повеќе...

05-02-2020 16:55

Известување до идните апликанти, корисници на грант и други засегнати чинители

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (натаму Национална агенција), ги известува корисниците и потенцијалните апликанти на програмата Еразмус + (училишта, градинки, универзитети, здруженија на граѓани, млади и младински организации итн.) дека голем број на „експерти“, „консултанти“ и економски оператори кои нудат услуги за пишување/спроведување на Еразмус+ проекти во името на Националната агенција го прават тоа на своја рака и дека Националната агенција нема никаква соработка – ниту институционална, ниту приватна - со ниту едно физичко или правно лице и се оградува од нивните комерцијални активности. 

Повеќе...

OДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА СО ЕРАЗМУС КООРДИНАТОРИТЕ ОД УНИВЕРЗИТЕТИТЕ

Четврток, 30 јануари 2020 година

На 29 јануари, во просториите на Националната агенција, се одржа работилница со Еразмус координаторите од универзитетите/високообразовните институции.

На работилницата се презентираше делот за трендови во високото образование во Македонија, можностите кои ги нуди проектот Студирај во Европа, а воедно акцент се стави на новитетите во делот на апликациите за Еразмус чартер, како и апликациските формулари за програмата Еразмус+, КА103 и КА107.

Повеќе...

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ МРЕЖИ

Четврток, 30 јануари 2020 година

На 28 јануари се одржа презентација за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс во ООУ Гоце Делчев - Илинден, на која присуствуваа 35 наставнички и стручната служба од ООУ Гоце Делчев - Илинден. 

На учесниците, кои беа присутни на презентацијата, им беа објаснети какви сè можности и документи нудат овие две мрежи. 

Повеќе...