Новости

УЧЕСТВО НА ТРЕТАТА ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА СТРУЧНИ ВЕШТИНИ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/vienna/eu-skills-week.jpgВторник, 11 декември 2018 година

Третата европска недела на стручни вештини (European skills week), во организација на Европската комисија и ЦЕДЕФОП, се одржа во Виена, Австрија од 5 до 9 ноември.

Мотото на неделата беше „Откријте го вашиот талент", а целта да се покаже дека ВЕТ е паметен избор што води до успешни резултати во образованието, висококвалитетни работни места и зголемени можности за вработување.

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лулеса Илјази, раководител на Секторот за стратешки партнерства од областа на образованието, обука и млади и г-ѓа Марија Стефковска од Одделение за мобилности од областа на стручно и училишно образование посетија едносредно стручно училиште во Виена, каде беа срдечно пречекани од директорот на  текстилното и информатичко училиште и  каде имаа кратка презентација на сите нивни активности.

Потоа посетија училиште каде што се одвива практичната обука и теоретска настава на учениците. Тие беа воодушевени од организираноста на наставата по кабинети (работилници), како и од нивната опременост со нагледни средства. Учениците заедно со професорите им презентираа дел од својата работа: како се принтаат слики на материјали, како се слика на стакло, изработка на роботи и очила како дел од секторот за вештачка интелегенција; како се снимаат звуци за цртан филм во сонолошко студио итн.

Повеќе...

ПРЕЗЕНТИРАНИ НАОДИТЕ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО ЈУТВИКИ

Четврток, 6 декември 2018 година

На 4 декември, во Чифте амам, Националниот младински совет на Македонија во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги презентираше наодите од истражувањето ЈУТВИКИ (Youth Wiki).

Станува збор за енциклопедија за млади воспоставена од страна на Европската комисија во 2015 година, заради собирање кредибилни податоци од областа на младите од цела Европа.

Целта на овие податоци е да им помогне на креаторите на политики да создаваат политики што ќе одговорат на потребите на младите.

Повеќе...

ЕВРОПАС РАБОТНА ПОСЕТА ВО СОФИЈА

Четврток, 29 ноември 2018 година

На 21 и 22 ноември беше реализирана работна посета насловена Работа на лице место во Европас центарот во Софија, на која од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност присуствуваше г-ѓа Анабела Насковска Петрески, од Одделението за ИКТ и европски образовни мрежи.

Оваа работна посета е во согласност со тригодшната работна програма на европската мрежа Европас, при што беа споделени добри искуства и практитки помеѓу двата Европас центра од Бугарија и од Македонија.

Освен посетата на Европас центарот беше посетено и 144. Средно училиште „Народни будители“ во Софија.

Повеќе...

ОДРЖАН ИНФО ДЕН ВО АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ

Понеделник, 3 декември 2018

На 29 ноември, претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, м-р Александар Богојевски и м-р Астрит Реџепи одржаа инфо ден за програмата Еразмус+ (КА103, КА107 и проектот Study in Europe) пред студентите на Универзитетот Американ колеџ Скопје.

Пред присутните студенти и професори беа презентирани можностите кои ги нуди програмата Еразмус+ во делот на високото образование.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ЗА ИНКЛУЗИВНИ МЕТОДИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Петок, 30 ноември 2018 година

На 29 ноември во Занаетчискиот дом Куманово се одржа конференција на која учествуваа наставници од основни и средни училишта, претставници од невладиниот сектор и млади луѓе, на која преку работна дискусија беше одржан панел за инклузивни методи во образованието, идентификување и инклузија на лицата со помали можности и посебни потреби во образованието.

Претставникот на Националната агенција, г. Јовица Митевски, како говорник на панелот, ги претстави моделите на акциите преку Еразмус+ програмата кои поддржуваат инклузивни методи преку неформалното образование и притоа презентираше примери од добри пракси - проекти финансирани од програмата.

Повеќе...

ОДРЖАН ИНФО ДЕН ВО ДЕЛЧЕВО

Среда, 27 ноември 2018 година

Вработените во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 27 ноември одржаа инфо ден во Делчево, пред претставници на воспитно-образовните установи и претставници на невладиниот сектор.

На информативниот ден беа презентирани можностите кои ги нуди програмата Еразмус+ и  европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг.

Марија Стефковска, од Одделението за мобилности од областа на стручно и училишно образование при Секторот за индивидуални мобилности, во своето излагање ги презентираше можностите, кои ги нуди Клучната акција 1.

Јовица Митевски, од Одделението за стратешки партнерства од областа на млади и структурен дијалог при Секторот за стратешки партнерства говореше за можностите кои ги нудат Клучните акции 2 и 3.

Повеќе...

ИНФО ДЕН ВО СКОПЈЕ ЗА ЕРАЗМУС+ - ЦЕНТРАЛИЗИРАНИ АКЦИИ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/skopje/20181128_092805.jpgСреда, 28 ноември 2018 година

Претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, м-р Гоце Величковски, г-ѓа Снежана Симоновска и м-р Александар Богојевски денеска одржаа инфо ден во Скопје - Хотел Александар II за прогамата Еразмус+, централизирани акции (Европски универзитети, Алијанси на знаења, Градење на капацитети во областа на високото образование, Градење на капацитети во областа на младите, Жан Моне катедри, Жан Моне модули, Жан Моне центри на извонредност, Жан Моне поддршка за здруженија, Жан Моне мрежи, Жан Моне проекти и Спорт).

На инфо денот присуствуваа претставници од високообразовните институции, од здруженија на граѓани, потоа од градинки и од основни и средни училишта.

Повеќе...

ОДРЖАН ИНФО-ДЕН НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА И ИНСТИТУТОТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/fbe/20181122_101635.jpgЧетврток, 22 ноември 2018 година

Согласно предвидените активности за тековната година на Националната агенција за европски образовани програми и мобилност, на 22 ноември,  се одржа инфо-ден на Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија.

На истоимениот инфо-ден претставниците од Националната агенција, м-р Александар Богојевски, раководител на Одделение за високо образование, образование на возрасни и млади и г. Дејан Миланов, помлад соработник за стратешки партнерства од областа на млади и структурен дијалог одржаа предавање/презентација за програмата Еразмус+ со фокус на можностите во високото образование.

Повеќе...

ПРИЈАВА за обука за ЕВС тековни волонтери преку Европски волонтерски сервис - ЕВС (On-arrival & Mid term ) - декември 2018

Обука за ЕВС тековни волонтери преку Европски волонтерски сервис - ЕВС 
(On-arrival & Mid term )

Се повикуваат сите организации во Македонија кои тековно  во своите организации имаат волонтери преку Европски волонтерски сервис ЕВС да достават информации за волонтерите со овој онлајн формулар најдоцна до 27 ноември 2018 година.

Датуми на одржување на ЕВС обуки:

  • “On-arrival“ – 02-04 декември 2018, Скопје
  • “Mid term“ – 04-05 декември 2018, Скопје

За секој волонтер пополнува посебен апликациски формулар.

Откако ќе бидат обработни сите податоците доставени во НА,  до сите организаци кои пријавиле тековни ЕВС волонтери ќе бидат доставени сите детали за обуките кои ќе бидат организирани од страна на НА.    

Повеќе...

УЧЕСТВО НА СЕМИНАР ЗА МЛАДИНСКА РАБОТА И МЛАДИНСКИТЕ ПОЛИТИКИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/ljubljana/20181113_105729.jpgПонеделник, 19 ноември 2018 година

Европската комисија, во соработка со Советот на Европа преку заедничко партнерство, од 13 до 15 ноември 2018 година во Љубљана, Словенија, имплементираа семинар за младинската работа, релевантен за младинските политики во Југоисточна Европа.

Претставниците од Македонија, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова и г.  Јовица Митевски од Стратегиски партнерства од полето на млади, учествуваа на работилниците од семинарот, а со својата контрибуција придонесоа кон идентификување недостатоци помеѓу младинскиот сектор и релевантните институции, текот и развојот на младинската политика на национално ниво, како и меѓусекторски пристап кон младинското учество.

Повеќе...