Новости

Резултати за акција КА107 - прв рок 2015

15 јули 2015

Националната агенција ги објавува резултатите од евалуацијата на апликациите пристигнати за акцијата КА107 прв рок 2015г.:

 

ИНСТИТУЦИЈА

Регистарски бр.

Вкупно одобрен буџет

1

Универзитет Апостол Павле - Охрид

2015-1МК01-КА107-002805

8.360 евра

2

Евро Колеџ - Куманово

2015-1МК01-КА107-002761

5.460евра

3

Универзитет на Југоисточна Европа - Тетово

2015-1МК01-КА107-002795

6.440 евра

 

Повеќе...

Повик за доставување на апликации за акција КА107

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги известува сите високообразовни институции носители на Еразмус Чартер дека се објавува втор рок за клучната акција 107 – мобилност на студенти и наставен кадар помеѓу програмски и партнерски земји  за следните региони:

Повеќе...

РАБОТНИ СРЕДБИ ЗА ЕУРОПАС И ЕУРОГАЈДЕНС

На 01, 02 и 05 јуни 2015 година се одржаа работни средби за програмите Еуропас и Еурогајденс во Центар за стручно образование и обука, Агенција за вработување на Република Македонија и Биро за развој на образованието. Целта на овие работни средби беше запознавање со новостите на елементите на Програмите Еуропас и Еурогајденс

Повеќе...

Повик за тренинг курс во Полска за училишно образование

Целта на тренингот:

Тренинг курсот има за цел  подобрување  и евалуација на методите во наставата, размена на добри практики и искуства како и подршка при вмрежување и склучување партнерства меѓу училиштата и организациите.

Тренинг курсот ќе се реализира во Констанцин –Језиорна/ Варшава, Полска од 10 до 13 септември 2015...

Повеќе...

Објава на резултатите од евалуација на апликации за КА1, рок 04 март 2015

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објави резултатите од оценувањето апликациите пристигнати за КА1 акцијата во рокот 04 март 2015г. Добитниците на грантови за КА101, КА102 и КА103 се прикажани на следниот линк. Во под-акцијата КА104 во рамките на овој рок не е доделен грант.

Повеќе...

Пријава за среднорочна обука на волонтери преку Европски волонтерски сервис - Еразмус+

Се повикуваат сите организации во Македонија кои тековно во своите организации имаат волонтери преку Акција 2 Европски волонтерски сервис ЕВС и Еразмус + КА1 Европски волонтерски сервис - ЕВС да достават информации за волонтерите со онлајн формулар достапен на линкот http://goo.gl/forms/uUAXk8k2u3 најдоцна до 14 јуни (недела) 2015 година. За секој волонтер се пополнува посебen апликациски формулар.

Повеќе...

Европска студентска анкета

Почитувани дипломирани студенти Ве покануваме да одвоите малкуод своето време и да ја пополните анкетата до која можете да пристапите преку следниов линк: : https://lse.qualtrics.com/SE/?SID=SV_5C2Pyy8Mdx2U8nz

Повеќе...

Резултати од евалуација на апликации од КА105 и КА205 - рок за доставување 04 февруари 2015

Националната агенција ги објави разултатите од евалуацијата на апликациите од КА105 и КА205 пристигнати за рокот за доставување 04 февруари 2015. Истите се достапни во подменито Документи>>Резултати, или директно на линкот http://na.org.mk/index.php/mk/rezultati.html.

Повеќе...

23-04-2015 13:49

SCHOOL EDUCATION GATEWAY: онлајн анкета

Во јануари 2015 година Европската Комисија го пушти во функција порталот SCHOOL EDUCATION GATEWAY, како напредна алатка за онлајн дисеминација. По тримесечна работа,  овој портал брои околу 60.000 посетители и преку 3500 регистрирани корисници. За да се потпомогне дисеминацијата, како и генерално да се подобри квалитетот на оваа алатка,  Европската Комисија организира онлајн анкета што се состои од 9 прашања. Најљубезно Ве молиме да дадете свој придонес во оваа едноставна онлајн анкета со пополнување на онлајн формуларот што можете да го најдете на следниот линк www.schooleducationgateway.eu/en/pub/news_events/user_survey.htm, а е достапен на 23 европски јазици.

Повеќе...

Ученици и професори од „Перо Наков“ ја посетија Гранада во рамките на Ерасмус+ проект

Ученици и професори од „Перо Наков“, неодамна ја посетија Гранада во Шпанија, преку програмата Еразмус плус на Националната агенција за образовни програми и мобилност.

Девет професори и осумнаесет ученици преку проектот „Имплементација на практична  работа во образовниот процес, преку соработка и комуникација со маркетинг агенција и бизнис сектор во користење на икт алатки“, посетија повеќе училишта и обуки во Гранада.

Повеќе...