Новости

ПРВА МЕЃУНАРОДНА ЕРАЗМУС+ НЕДЕЛА ВО СКОПЈЕ

Вторник, 9 април 2019 година

На покана на Факултетот за бизнис и економија и Институтот за бизнис и економија, на 8 април, претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Александар Богојевски, г-ѓа Ана Михајлов и г-ѓа Данче Чаловска, присуствуваа на Првата меѓународна Еразмус+ недела, која се организира во просториите на Факултетот за бизнис и економија.

На настанот земаа учество ректори, декани, професори, еразмус-координатори, студенти од државата и од други држави, учесници во Еразмус+ програмата.

Повеќе...

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ЕРАЗМУС +, ЕТВИНИНГ И EВРОПАС

Вторник, 9 април 2019 година

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Мила Протугер Анастасова и г-ѓа Анабела Насковска Петрески, на 8 април,  во основното училиште „Наум Охридски”, во с. Црешево, одржаа работна средба за клучните акции на Еразмус+програмата, а воедно и за мрежите еТвининг и Еуропас.

Целта на одржување на работната средба беше запознавање на наставниците со клучните акции на програмата Еразмус+, како и за можностите што ги нудат мрежите еТвининг и Европас, за наставниците и за учениците.

На работната средба присуствуваа 23 претставници од училиштето.  

Повеќе...

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ВИЗИОН“

Вторник, 19 март 2019 година

На ден 21 февруари, во просториите на универзитетот „Визион“ во Гостивар се одржа работилница насочена кон пополнување на апликации, конкретни информации и советување на потенцијалните апликанти заинтересирани за Клучна акција 2, училишно образование.

За време на работилницата, беа разгледани апликациските формулари кои се однесуваат на аплицирање за размена на добри пракси, или, пак, поддршка на иновации – КА201, како и апликацискиот формулар кој се однесува на размени во училишно образование – КА229.

На присутните заинтересирани странки им беа доделени специјализирани водичи за училишно образование, со детални објаснувања и насоки кон оваа област.

Повеќе...

ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК НА ТЕМА ИНКЛУЗИЈА

Вторник, 19 март 2019 година

На ден 22 февруари, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се одржа работен состанок на тема инклузија, на кој присуствуваа организации од невладиниот сектор кои работат во области на социјална заштита и можат да придонесат кон дискусии и дебати во врска со инклузијата.

Од страна на вработените во Националната агенција, на состанокот присуствуваа Деспина С. Шандуловска, Лулеса Илјази и Гоце Величковски.

Имено, претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се учесници во работни групи за инклузија на европско ниво, Генерален директорат за образование и култура.

Повеќе...

ОДРЖАН СОСТАНОК НА ХОРИЗОНТАЛНА РАБОТНА ГРУПА НА ТЕМА ИНКЛУЗИЈА ВО БРИСЕЛ

Вторник, 19 март 2019 година

На 6 март, во Брисел, се одржа состанок на хоризонтална работна група на тема инклузија.

Имено, членови на работната група се претставници од Европската комисија, програмски работници од повеќе европски Национални агенции, како и „SALTO Inclusion and Diversityкако и „European Solidarity Corps Resource Centre”.

Претставник од македонската Национална агенција е одбран за член во оваа работна група (Деспина Србиновска Шандуловска).

Повеќе...

КАМП НА ИНОВАЦИИ - НАТПРЕВАР НА СРЕДНОШКОЛЦИ ВО ПРЕТПРИЕМАЧКИ ВЕШТИНИ

Претставничката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Колекеска Маја, учествуваше во жири комисијата на натпревар за средношколци за претприемнички вештини, што се одржа на 27 март 2019, во Делчево.

На натпреварот учествуваа 100 ученици од 21 среднo училиштe од територијата на целата држава поделени во 20 тима од по 5 ученици, каде со помош на 12 бизнис волонтери работеа интензивно на поставен предизвик.

Повеќе...

Продолжување на рокот за аплицирање за КА2 акцијата од Еразмус+ програмата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилности ги информира корисниците и потенцијални апликанти на програмата Еразмус+ и придружните иницијативи, дека рокот за поднесување апликации од Еразмус+ КА2 акцијата се продолжува до 26 март 2019 година (12:00 часот пладне, Централно европско време). Во продолжување го објавуваме оригиналното известување од Извршната агенција;

 

Due to the performance issues affecting the web forms portal, the deadline for submission for the following actions has been extended to Tuesday 26 March at 12h00 Brussels time:

- KA201 Strategic Partnerships for School Education

- KA202 Strategic Partnerships for Vocational Education and Training

- KA203 Strategic Partnerships for Higher Education

- KA204 Strategic Partnerships for Adult Education

- KA229 School Exchange Partnerships

 

Ви благодариме за трпението и разбирањето.

Со почит,

НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ
ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ

Повеќе...

Состанок Студирај во Eвропа

Понеделник, 18 март 2019 година

На покана на Европската комисија, Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура, во периодот од 14 до 15 март 2019 година, претставникот од Националната агенција, м-р Александар Богојевски присуствуваше во Брисел, Белгија на состанок за проектот Студирај во Европа. 

На состаноците присуствуваа и претставници од 34 држави учесници во програмата Еразмус+ (програмски држави). 

На состаноците се дискутираше за реализираните активности во изминатиот период во делот на високото образование, како и за идните активности и цели кои е потребно да се реализираат. 

Повеќе...

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТ ОД СТРАТЕГИСКИ ПАРТНЕРСТВА ОД ОБЛАСТА НА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

Среда, 13 март 2019 година

Програмскиот службеник за стратегиски партнерства од областа на високо образование, г-ѓа Ана Михајлов присуствуваше на завршна конференција организирана од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, која се одржа, на 5 март, во Охрид.

На конференцијата присуствуваа партнерите, во проектот насловен „Креирање на идното образование во туризмот“ од Хрватска, Бугарија и Грција, со што се зајакнува регионалната соработката во областа на високото образование.

Тој е во завршна фаза и се очекува од него да произлезат квалитетни проектни резултати.

Повеќе...

ОДРЖAН СОСТАНОК ЗА ПОГЛАВЈЕТО 26 - ОБРАЗОВАНИЕ, МЛАДИ И КУЛТУРА

Среда, 13 март 2019 година

На 12 март, во Брисел, се одржa објаснувачки состанок за Поглавје 26 - Образование, млади и култура.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше дел од состанокот со своите претставнички: г-ѓа Снежана Симоновска, раководител на Сектор за индивидуални мобилности од областа на образованието, обука и младии Лулеса Илјази, раководител на Сектор за стратешки партнерства од областа на образованието, обука и млади.

Повеќе...