На ден 10.06.2013 година во просториите на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност се одржа воведен состанок за добитниците на грант од Програмата „Млади во акција“, (добитници на грант од првиот рок (1 февруари ) во 2013 година, во рамките на „Повикот за апликации 2013“ јавно објавен.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност резервира пет (5) места на еТвининг – Работилница за професионален развој во Германија (Фрајбург) од 07 до 09 ноември 2013 година. Организатор на настанот е Kultusministerkonferenz Pädagogischer Austauschdienst (Nationale Agentur für EU-Programme im Schulbereich - http://www.etwinning.de/kontakt.html). Темата на настанот е „Europäische Partnerschaftsprojekte im Kindergarten und in der Grundschule: Mit Neugierde miteinander lernen“.
На ден 16.04.2013 во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се одржа работилница за потпрограмите Комениус и Грундвиг кои се составен дел на програмата Доживотно учење.
Националната агенција ги објави резултатите за рокот 17 Јануари 2013 за Обука на работно место како и за рокот 31 Јануари 2013 за Подготвителни посети.
Во рамките на потпрограмите Комениус и Грундвиг, во април ќе се одржи работилница во просториите на Националната Агенција која ќе има за цел да ги информира корисниците за начинот на пополнување на апликациите за акцијата Обука на работно место.
Националната агенција ги објави резултатите за рокот 17 Јануари 2013 за Обука на работно место како и за рокот 31 Јануари 2013 за Подготвителни посети.
Националната агенција ги објави резултатите за рокот 01 октомври 2012 за акциите Младински размени и Европски волонтерски сервис во рамките на програмата Млади во акција.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во моментов децентрализирано управува со програмите Доживотно учење и Млади во акција. Ова се програми на Европската Комисија кои тежнеат кон унапредување на процесот на учење и создавање на напредно општество кое ќе биде основа за одржлив економски развој, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија како и промовирање на активното граѓанство на младите луѓе особено на нивното европско граѓанство, развивање на солидарност и промовирање на толерантност помеѓу младите луѓе итн...
Сите Високообразовни институции од Р. Македонија кои сакаат да користат средства од Програмта Еразмус во периодот 2014 – 2020 треба да аплицираат наотворениот повик за Еразмус Универзитетска Повелба. Со добивање на Еразмус повелбата тие обезбедуваат можност нивните студенти да поминат дел од нивните студии во некој друг Еразмус Универзитет или наставниот и ненаставниот персонал да има престој за наставен ангажман во некоја Еразмус партнерска институција од земјите членки на Европската Унија.