Новости

Апликациски формулар за Еразмус

На следниов линк можете да го преземете апликацискиот формулар за Еразмус за акциите “студнетска мобилност за студирање” и “мобилност на наставен кадар за наставен ангажман” за академската 2013/14.

Повеќе...

Работилница за акцијата Студиски посети во склоп на програмата Доживотно учење

Во рамките на акцијата Студиски посети во склоп на програмата за “Доживотно Учење” , во март ќе се одржи работилница во просториите на Националната Агенција која ќе има за цел да ги информира корисниците за начинот на пополнувањето на апликациjaта за Студиски посети.

Повеќе...

еТвининг работилница за професионален развој во Бугарија (Софија), 25-28 април 2013

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност резервира две (2) места на еТвининг – Работилница за професионален развој во Бугарија (Софија) од 25до 28 април 2013 година. Организатор на настанот е Националниот сервис за поддршка на еТвининг за Бугарија, Центар за развој на човечките ресурси (http://www.hrdc.bg/).

Повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АПЛИКАЦИИ 2013-2014 ЗА АКЦИЈАТА СТУДИСКИ ПОСЕТИ

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува известввање за аплицирање за акцијата Студиски посети 2013-2014.

Ќе има два рока за аплицирање:

Прв рок за алицирање за Студиски Посети ќе се однесува на посети од Септември 2013 до Фебруари 2014:
Почеток на рок за аплицирање:     8 Фебруари 2013
Краен рок за аплицирање:              28 Март 2013

Повеќе...

Покана за учество во он-лајн анкета за улогата на организациите што делуваат како посредници во процесот на е-Вклучување.

На барање на Европската Комисија и Институтот за истражувања на идни технологии ја објавуваме поканата за учество во он-лајн анкета за улогата на организациите што делуваат како посредници во процесот на е-Вклучување.

Целта на ова истражување е подобро да се разбере улогата на овие институции, како и да се креираат соодветни инструменти за да се помогне презентацијата на нивните резултати и наоди, како и нивниот придонес во креирањето на европските политики за е-Вклученост.

Повеќе...

Упатства за користење на алатки од платформата eTwinning.net

Централниот сервис за поддршка на акцијата еТвининг (European Schoolnet) ги објави најновите упатства за користење на алатките од платформата etwinning.net за наоѓање на партнери, регистрирање еТвининг проекти и користење на модулот TwinSpace.

Повеќе...

Годишни приоритети за програмата Млади во акција

Генeралниот Директорат за Образование и Култура ги објави годишните приоритети за програмата „Млади во акција“ за 2013.

Повеќе...

Работилници за секторската програма Леонардо да Винчи

Во рамките на секторската програма Леонардо да Винчи, во месец јануари ќе се одржат работилници во просториите на Националната Агенција кои ќе имаат за цел да ги информираме корисниците за начинот на пополнувањето на апликациите, како и да се обезбедат одговори на нејасните прашања во врска со пополнувањето на апликациите. 

 

Повеќе...

Национален повик за програмата Доживотно учење за 2013 година

Националната агенција за европски образовни програми го објавува Националниот повик за програмата Доживотно учење за 2013 година.

Повеќе...

Затворен вториот рок за Студиски посети 2012/13

Повикот за аплицирање за Студиски посети кои ќе се одвиваат помеѓу март и јуни 2013 е затворен. Во моментов Националните Агенции од земјите учеснички го спроведуваат процесот на селекција на кандидати. Кандидатите ќе бидат информирани за резултатите од селекцијата на Националната Агенција најкасно до јануари 2013.

Следниот повик за аплицирање ќе започне во февруари 2013 за посети кои  ќе се одвиваат помеѓу септември 2013 и фебруари 2014.