Новости

Дополнување за повикот за ЕРАЗМУС Повелба 2014-2020

Сите Високообразовни институции од Р. Македонија кои сакаат да користат средства од Програмта Еразмус во периодот 2014 – 2020 треба да аплицираат на отворениот повик за Еразмус Универзитетска Повелба. Со добивање на Еразмус повелбата тие обезбедуваат можност нивните студенти да поминат дел од нивните студии во некој друг Еразмус Универзитет или наставниот и ненаставниот персонал да има престој за наставен ангажман во некоја Еразмус партнерска институција од земјите членки на Европската Унија.

Повеќе...

Отворен повикот за Еразмус повелба за 2014 - 2020

Европската Комисија го објави повикот за аплицирање за Еразмус повелба за високо образование. Повелбата ќе се однесува на академските 2014/15 до 2020/21 т.е. на новата програмата на Европската Комисија за образование, обука, млади и спорт за периодот 2014-2020.

Повеќе...

е-Гласник на Националната агенција за европски образовни програми мобилност

Почитувани посетители на порталот www.na.org.mk, Ве информираме дека Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го објави првиот број на е-Гласникот МОБИЛНОСТ МК. Доколку сакате да се пријавите за автоматско добивање на гласникот преку електронска пошта, Ве молиме внесете ја вашата адреса за електронска пошта во соодветното поле за пријавување (во дното на десната колона на оваа страница).

Повеќе...

Апликациски формулар за Еразмус

На следниов линк можете да го преземете апликацискиот формулар за Еразмус за акциите “студнетска мобилност за студирање” и “мобилност на наставен кадар за наставен ангажман” за академската 2013/14.

Повеќе...

Работилница за акцијата Студиски посети во склоп на програмата Доживотно учење

Во рамките на акцијата Студиски посети во склоп на програмата за “Доживотно Учење” , во март ќе се одржи работилница во просториите на Националната Агенција која ќе има за цел да ги информира корисниците за начинот на пополнувањето на апликациjaта за Студиски посети.

Повеќе...

еТвининг работилница за професионален развој во Бугарија (Софија), 25-28 април 2013

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност резервира две (2) места на еТвининг – Работилница за професионален развој во Бугарија (Софија) од 25до 28 април 2013 година. Организатор на настанот е Националниот сервис за поддршка на еТвининг за Бугарија, Центар за развој на човечките ресурси (http://www.hrdc.bg/).

Повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АПЛИКАЦИИ 2013-2014 ЗА АКЦИЈАТА СТУДИСКИ ПОСЕТИ

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува известввање за аплицирање за акцијата Студиски посети 2013-2014.

Ќе има два рока за аплицирање:

Прв рок за алицирање за Студиски Посети ќе се однесува на посети од Септември 2013 до Фебруари 2014:
Почеток на рок за аплицирање:     8 Фебруари 2013
Краен рок за аплицирање:              28 Март 2013

Повеќе...

Покана за учество во он-лајн анкета за улогата на организациите што делуваат како посредници во процесот на е-Вклучување.

На барање на Европската Комисија и Институтот за истражувања на идни технологии ја објавуваме поканата за учество во он-лајн анкета за улогата на организациите што делуваат како посредници во процесот на е-Вклучување.

Целта на ова истражување е подобро да се разбере улогата на овие институции, како и да се креираат соодветни инструменти за да се помогне презентацијата на нивните резултати и наоди, како и нивниот придонес во креирањето на европските политики за е-Вклученост.

Повеќе...

Упатства за користење на алатки од платформата eTwinning.net

Централниот сервис за поддршка на акцијата еТвининг (European Schoolnet) ги објави најновите упатства за користење на алатките од платформата etwinning.net за наоѓање на партнери, регистрирање еТвининг проекти и користење на модулот TwinSpace.

Повеќе...

Годишни приоритети за програмата Млади во акција

Генeралниот Директорат за Образование и Култура ги објави годишните приоритети за програмата „Млади во акција“ за 2013.

Повеќе...