Новости

Неформален состанок за Национални агенции за примарни проверки

Четврток, 10 октомври 2019 година

Во периодот од 23 до 24 септември 2019 година, преставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Маја Колекеска и Љупка Ќуркчиева учествуваа на Неформалниот состанок за вработени во Нациналните агенции за примарни проверки.

Повеќе...

Неформален состанок на координаторите на Еразмус+ за образование на возрасни

Четврток, 10 октомври 2019 година 

Од 11 до 13 септември 2019 година, координаторите на Еразмус+ за образование на возрасни, учествуваа на неформалниот состанок на координаторите на Еразмус+ за образование на возрасни, што се одржа во Исланд.

Во многу неформална и интерактивна атмосфера, претставници на 27 Национални агенции кои работат во областа на образованието за возрасни, ги мапираа процедурите на НА и разменија различни практики на НА, кои се однесуваат на мониторингот на корисниците, како и упатства и поддршка за корисниците кои пишуваат финални извештаи.

Повеќе...

Бизнис состанок на директори на Националните агенции

Среда, 9 октомври 2019 година

Од 8 до 11 октомври во Хелсинки, Финска, претставничките од Националната агенција, директорката Лидија Димова и Снежана Симоновска, раководител на сектор, учествуваат на бизнис состанок на директори на Национални агенции за млади Еразмус+ и Европски солидарен корпус. 

Повеќе...

Инфо-ден Еразмус+ на Универзитет Гоце Делчев - Штип

Среда, 9 октомври 2019 година

На 8 октомври, по покана на претставници од канцеларијата за меѓународна соработка при Универзитетот Гоце Делчев – Штип, претставници од Националната агенција присуствуваа на отворен инфо-ден за прогармата Еразмус+ што се одржа во просториите на УГД – Кампус 2. 

Повеќе...

Регионален состанок на претставниците од регионите 2 и 5 на Асоцијацијата за Европската младинска картичка

Среда, 9 октомври 2019 година

Во периодот од 6 до 8 октомври 2019 година, во Софија, Бугарија, на работна средба се сретнаа претставници од регионите 2 и 5 заедно со Европската асоцијација за младинска картичка.

На состанокот се отвори дискусија за подобрување на соработката помеѓу партнерите во регионите 2 и 5 и размена на добри практики, препораките од првата средба која беше одржана во мај во Солун, Грција и следни чекори за проектот „Културни рути“ на Совет на Европа во соработка со EYCA.

Повеќе...

Состанок на директорите од Националните агенции за образование и обука за новостите и управување со новата програма

Среда, 9 октомври 2019 година 

На покана од Финската национална агенција за образование, од 1 до 3 октомври 2019 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност претставувана од  директорката Лидија Димова и Јовица Митевски, од Одделение за стратегиски партнерства од областа на млади и структурен дијалог, учествуваа на состанок со координативната група составена од претставници на Националните агенции за образование и обука.

Повеќе...

Одржан инфо-ден на Европскиот универзитет

Вторник, 8 октомври 2019 година 

По покана од Европскиот универзитет, на 7 октомври, претставници од Националната агенција присуствуваа на инфо-ден за програмата Еразмус+ во свечената сала на Европскиот универзитет. 

На инфо-денот присуствуваа претставници од Националната агенција - Александар Богојевски, Милена Петрушевска, претставник од Фондација за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа, Горан Костовски, Еразмус координаторот, Верица Петрушевска, професори од ЕУРМ, студенти и административен кадар.  

Повеќе...

Одржан инфо-ден на Американ колеџ, ФБЕ, ИБЕ и МИТ универзитет

Вторник, 8 октомври 2019 година 

Согласно годишната програма за настани на Националната агенција, во делот на високо образование (КА103, КА107, КА203 и проектот Студирај во Европа), на 28 септември претставници од Националната агенција присуствуваа на отворен инфо- ден, кој се одржа пред просториите на Американ колеџ – Скопје, Факултет за бизнис економија, Институтот за бизнис економија и МИТ универзитет. 

Повеќе...

Учество на WBAA-тренинг

Вторник, 8 октомври 2019 година

Во организација на претставници од Western Balkan Alumni Association се организираше тренинг од 27 до 29 септември, во хотел Молика, Пелистер.

На тренингот се појаснуваа правилата и процедурите за аплицирање за програмите Еразмус+, Хоризонт 2020 и COST. 

Повеќе...

08-10-2019 12:49

Соопштение за јавноста на директорката на Н.А.Е.О.П.М. Лидија Димова

Почитувани граѓани,

Очајот и паниката ќе растат од ден на ден се до одржувањето на Советот на ЕУ кога Република Северна Македонија ќе добие датум за почеток на пристапните преговори. Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту храброст, ниту смелост да се соочи со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова и покрај нејзината покана да организираат Надзорна расправа во Собранието пред очите на целата македонска јавност. Но, веројатно и премногу очекуваме од партија која умее да зборува само со јазикот на криминалот и на незнаењето, и во која бегалците од правдата и несудените амбасадори размислуваат само како да и наштетат на својата држава. Излегувањето на мегдан не е карактеристика за ВМРО-ДПМНЕ и затоа Александар Николоски се крие зад младиот, неискусен, но и неук Стефан Андоновски во добро познатиот манир на ДПМНЕ – кукавички!

Повеќе...