Новости

Оддржан информативен ден во Кичево

На 2 Декември 2009 година во општина Кичево се оддржа информативен ден за програмата за Доживотно учење посветен на подпрограмите Комениус и Грундвиг.

Повеќе...

Оддржан информативен ден во Тетово

На 26 Ноември 2009 година во општина Тетово се оддржа информативен ден за програмата за Доживотно учење посветен на подпрограматите Еразмус и Комениус.

 

Повеќе...

Оддржан информативен ден за програмата за Доживотно учење во Битола

    На 17 Ноември 2009 година во општина Битола се оддржа информативен ден за програмата за Доживотно учење посветен на подпрограмите Леонардо да Винчи и Комениус.

    На овој настан кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Битола, беа презентирани можностите и целите  на програмата за Доживотно учење.

    Програмата беше презентирана од страна на Раководителот на сектор општо образование и координатор за програмата за Доживотно учење во Националната агенција, г-дин Јован Попоски.

Фотографии од настанот можете да видите на следниот линк

Оддржан информативен ден во Струга

На 19 Ноември 2009 година во општина Струга се оддржа информативен ден за програмата за Доживотно учење посветен на подпрограмите Комениус, Леонардо да Винчи и акцијата еТвининг.

Повеќе...

Комениус семинар, 07-10 октомври Скопје

Од 07 до 10 октомври во хотел Балзак во Скопје беше одржан семинар за потпрограмата Комениус во организација на австриската агенција КултурКонтакт. Коорганизатори на настанот беа австриската национална агенција и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Македонија.

Повеќе...

Кој може да учествува

Програмата Доживотно Учење е отворена за сите кои се инволвирани во образование или обуки:

  • Ученици, студенти, лица кои се обучуваат и возрасни ученици
  • Наставници, обучувачи и разен персонал вклучен во било кој аспект на Доживотното Учење
  •  Луѓе во пазарот на труд
  • Институции или организации кои нудат можности и програми за учење во областите образование или обуки
  • Лица и тела одговорни за системи и политики поврзани со било кој конкретен аспект на Доживотното Учење на локално, регионално и национално ниво
  • Претпријатија, социјални партнери и нивните организации на сите нивоа, вклучувајќи трговски асоцијации и стопански комори
  • Тела кои нудат помош, советување и информациски сервиси поврзани со било кој аспект на Доживотното Учење
  • Асоцијации кои работат во полето на Доживотно Учење, вклучувајќи студенти, лица кои се обучуваат, ученици, родители и асоцијации на возрасни ученици
  • Центри за истражување и тела активни во областите на образование и тренинг
  • Непрофитни организации, волонтерски тела, невладини организации

За подетални информации во однос на тоа кој може да учествува, проверете во посебните програми на програмата Доживотно Учење.

Информативен ден- програмите Leonardo da Vinci и Grundtvig

    Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со задоволство Ве повикува на информативен ден за секторската програма Leonardo da Vinci, која е наменета за стручно образование и обука и секторската програма Grundtvig наменета за образование на возрасни, кои се дел од програмата „Доживотно учење“ ( Lifelong Programme).

    Овој настан се организира во соработка на Националната агенција, Европската Комисија и Македонското здружение за образование на возрасни.

    Целта на информативниот ден е запознавање на потенцијалните корисници со можностите на програмата, начините за пријавување, како и со предвидените правила и рокови за аплицирање.

Општи информации

Специфичните цели на Програмата се споменати подолу. Тие обезбедуваат дека Програмата за Доживотно Учење гиподдржува и надополнува акциите кои се превземени од Земјите Членки и другите Земји кои учествуаат во Програмата, истовремено целосно почитувајќи ги нивните обврски кон содржината на системите за образование и обука и нивните културни и лингбистички разлики.

Повеќе...

Успешни приказни од Програмата Доживотно учење

    Видете кои се бенефитите од учествување во Програмата Доживотно учење. Корисници од Македонија веќе ја користат оваа Програма. Успешните приказни може да ги видите на следниве линкови:

Комениус
Грундвиг
Студиски посети

Учество на Република Македонија во Европските образовни програми

Почитувани,

    Со особена чест и задоволство Ве информираме дека со одлука на Европската комисија – Генерален директорат за образование и култура, Република Македонија ќе учествува во програмите за Доживотно учење и Млади во акција во 2012 година. Со ова македонските студенти, професори, стручен и администативен персонал, граѓански организации , училишта, градинки, универзитети, приватни компании ќе можат да бидат дел од овие европски програми.  Ова за Република Македонија е навистина силна порака, силен импулс кој треба да претставува поттик за понатамошно напредување.

Ви посакуваме успешно вклучување во програмите за Доживотно учење и Млади во акција.

Со почит,

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност