Новости

Резултати од повикот за Комениус - подготвителни посети 2012

Резултати од повикот за Комениус - Подготвителни посети 2012 во рамките на Програмата доживотно учење за Република Македонија на следниот линк.

Резултати од повикот за Комениус - Обука на работно место (прв рок)

Резултати од повикот за Комениус - Обука на работно место (прв рок) 2012 во склоп на Програмата доживотно учење за Република Македонија на следниот линк

Презентација на Комениус и еТвининг во ОУ Блаже Конески Скопје

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со ОУ „Блаже Конески“ од Скопје, на 20 март 2012 во 14.00 часот ќе одржи презентација за секторската програма Комениус (општо образование) и акцијата Етвининг како дел од Програмата доживотно учење. На настанот ќе бидат претставени и објаснети можностите што ги нуди Програмата за доживотно учење преку Комениус и еТвининг за професионалниот развој на наставниците и соработката на меѓународен план за македонските училишта. 

Објавен е апликациониот формулар за Подготвителни Посети

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го објавиапликациониот формулар за сите подпрограми од Програмата Доживотно Учење.

Формуларот можете да го преземете на следниов линк.

Презентацијата за Комениус, Леонардо да Винчи, Студиски посети и Етвининг - ДУЦОР Партение Зографски Скопје

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со ДУЦОР „Партение Зографски“ од Скопје, Ве поканува на презентација за секторската програма Комениус (општо образование) за секторската програма Леонардо да Винчи (стручно образование и обука),кои се составен дел од Програмата „Доживотно учење“ на Европската комисија како и за акциите Студиски посети и Етвининг.

Повеќе...

Објавени апликациските формулари за акцијата обука на работно место за секторските програми Комениус и Грундвиг

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објави апликациските формулари за акцијата Обука на работно место. За секторската програма Комениус апликацискиот формулар за акцијата Обука на работно место може да го најдете на следниов линк (http://www.na.org.mk/komenius.html), додека за секторската програма Грундвиг апликацискиот формулар е достапен на следниов линк (http://www.na.org.mk/grundtvig.html).

Пред пополнување на формуларите, Ве молиме детално прочитајте го Упатството за пополнување и поднесување на формуларот за предлог проекти за акцијата Обука на работно место.

Презентација на Комениус и Етвининг - 14 декември 2011

Почитувани,

На ден 14 Декември 2011 година (среда) од 13.30-15.30 ч., Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе одржи презентација на програмата „Доживотно учење“ со фокус на подпрограмата Комениус и акцијата Етвининг во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Центар, Скопје.

Повеќе...

Резултати од повикот за Комениус 2009

Резултати од повикот за Комениус 2009 во склоп на Програмата доживотно учење за Република Македонија на следниот линк.

Комениус и еТвининг презентација во СУГС “Здравко Цветковски” Скопје

На 18.03.2010 во просториите на СУГС “Здравко Цветковски” Скопје, беше одржана презентација за програмата Доживотно учење со посебен акцент на секторската програма Комениус и акцијата еТвининг. На презентацијата беа присутни 12 наставници и административен кадар, кои покажаа голем интерес за можностите што ги нудат отворените Комениус акции за Македонија оваа година, и  акцијата  еТвининг . Од средбата произлезе желба за организирање работилница на која што практично ќе бидат објаснети процесот на аплицирање во рамките на Комениус и користењето на алатките од еТвининг порталот. На работилницата ќе бидат поканети претставници од повеќе училишта и истата ќе биде одржана во термин договорен со истите.

Фотографии од настанот може да видете на следниов линк.