Новости

ПОДГОТВИТЕЛЕН СОСТАНОК НА ПАРТНЕРИТЕ ОД СТРАТЕГИСКОТО ПАРТНЕРСТВО „МЛАДИ НА РАБОТА“ ЗА ОБУКА НА ТРЕНЕРИ И КРЕИРАЊЕ НА БАЗА НА ТРЕНЕРИ

Среда, 30 јануари 2019 година

На 15 и 16 јануари 2019 година, во Мадрид, беше одржан состанок на партнерите од Стратегиското партнерство „Млади на работа“.

На состанокот како претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност присуствуваа г-ѓа Лулеса Илјази, раководител на Сектор за стратегиски партнерства од областа на образованието, обука и млади и г. Јовица Митевски од Одделение за стратегиски партнерства од областа на млади и структурен дијалог.

Целта на овој состанок беше креирање на содржинскиот дел од обуката за тренери како прва фаза од партнерството „Млади на работа“, кој ќе резултира со поставување на базата на тренери.

Претставниците на Националната агенција од Македонија дадоа контрибуција кон креирање на содржината во бенефит за ситуацијата во Македонија од полето на стручно образование и млади од аспект на приоритетите за вработување, дигитални и претприемнички компетенции, рамноправност во претприемништвото и вештини при вработување. 

Повеќе...

Јавна дискусија „Зошто е потребен законот за млади“

Среда, 30 јануари 2019 година

На 30 јануари 2019 година, во хотел „Парк Резиденс“, во Скопје, се одржа јавна дискусија на тема „Зошто е потребен законот за млади“.

Овој настан е дел од серија на јавни консултации на национално ниво кои се организираат со младите и други засегнати страни, кои активно учествуваат во креирањето и во имплементацијата на политиките за млади.

Настанот е поддржан од Прогрес Институт за социјална демократија и Фондацијата „Калеви Сорса“ од Финска. 

Јавната дискусија ја водеше Марија Мерковска, Прогрес Институт за социјална демократија, а  говорници на дискусијата беа:

  • Дарко Каевски, претседател на СДММ;
  • Јован Јаулески, УМС ВМРО-ДПМНЕ;
  • Куштрим Ала, Форум на млади на ДУИ;
  • Блажен Малески, претседател на НМСМ.   

Од сите присутни говорници на овој настан беше истакната важноста од учеството на сите подмладоци на политичките партии во периодот на подготовка на нацрт- текстот на законот за млади.

Повеќе...

ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА ИНИЦИЈАТИВА ЕВРИДИКА И МОЖНОСТИТЕ НА ЕРАЗМУС +

Понеделник, 4 февруари 2019 година

На 31 јануари, во рамките на завршната конференција од проектот „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување“, беа презентирани европската иницијатива Евридика и можностите на програмата Еразмус +.

На конференцијата учествуваа голем број на претставници од градинките,  Министерството за труд и социјална работа, Европската делегација, образовните институции кои работат во полето на предучилишно образование и од граѓанските  организации.

На присутните им беа посочени конкретно можностите кои програмата Еразмус +, ги нуди во делот на предучилишно образование (мобилности и стратешки партнерства), како и начинот, постапката и роковите за аплицирање.

Повеќе...

Состанок со директорот на Агенцијата за иселеништво

Понеделник, 4 февруари 2019 година

На ден 1 февруари, г. Астрит Реџепи претставник од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност имаше работна средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, г. Никола Шалваринов.

На состанокот се разговараше за идните активности на агенциите, и како во иднина да се зајакне соработката, при што преку заеднички активности да се промовираат можностите што ги нуди Еразмус+ Програмата.

 

Повеќе...

Вклучување на претставници од различни сектори и можностите за мобилности во Еразмус+

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/stip/1.jpgСреда, 30 јануари 2019 година

На 29 јануари 2019 година, во просториите на мултимедијалниот центар Канал 77 во Штип, се одржа настан во организација на CNVP Градење на позелена економска средина, на кој учествуваа претставници од Националната агенција за европски програми и мобилност г. Јовица Митевски, од Одделението за стратешки партнерства од областа на млади и структурен дијалог, г. Александар Богојевски, од Одделението за мобилности во високото образование, обука и млади и г-ѓа Мартина Најдоски, од Одделението за мобилности од областа на стручно и училишно образование.

На настанот земаа учество  ученици од регионот од Источна Македонија, студенти, претставници од училишта од основно и средно образование, претставници од невладиниот сектор, претставници од високообразовни институции, како и претставници од општините.

Претставниците од Националната агенција споделија повеќе информации во врска со можностите и бенефитите кои се дел од програмата Еразмус плус во областа на училишно и високо образование и областа на млади.

Повеќе...

ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА КА102

Среда 30 јануари 2019 година

Нa 24 и 25 јануари 2019 година, во новите простории на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, се одржаа две работилници за Клучна акција 102 – Мобилност на ученици и кадар/вработени од областа на стручно образование  и обука.

На  работилниците присуствуваа голем број на лица  од различни сектори: средни стручни училишта, компании, невладини организации, фондации итн.

На работилниците се дискутираше за можностите за аплицирање во полето на стручното образование и обука:

Повеќе...

ПРОЕКТ „СИТЕ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ“

Четврток, 24 јануари 2019

ПРОЕКТ „СИТЕ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ“

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, денеска присуствуваше на првичната конференција за да се означи почетокот на тригодишниот проект „Сите за истражување и развој“.

Станува збор за проект за градење капацитети добиен од Извршната агенција за образование, култура и аудиовизуелна политика во Брисел.

Тое е партнерски проект меѓу Градежен факултет при УКИМ, кој е и носител на проектот и градежните факултетите од Ерменија, Босна и Херцеговина, Германија, Финска и Австрија. Исто така, Градежен институт Македонија е партнер.

Повеќе...

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ЈА ПОСЕТИ НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА

Четврток, 24 јануари 2019 година

На 22 јануари францускиот амбасадор во Македонија, г. Кристијан Тимоние, во придружба на директорот на Фрацускиот институт во Скопје, г. Емануел Рембер, ги посети новите простории на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Иако просториите сè уште не се целосно брендирани, амбасадорот Тимоние го пофали брендот на Еразмус кој е мошне видлив.

Повеќе...

ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ВО ГРАД СКОПЈЕ ЗА МОБИЛНОСТ ВО УЧИЛИШНО ОБРАЗОВАНИЕ

Четврток, 24 јануари 2019 година

Денеска во просториите на Град Скопје, се одржаа работилници за разгледување на апликацијата за Клучната акција 101 - Мобилност на наставен кадар од областа на училишното образование.

Поради големата заинтересираност, наместо една се одржаа две работилници.

Рокот за поднесување на апликации е 5 февруари 2019 година.

Работилниците ги водат одговорните лица за оваа клучна акција - Мартина Најдоски и Драгица Ивановска.

Повеќе...

ОДРЖАНИ ДВЕ РАБОТИЛНИЦИ ВО НА ЗА МОБИЛНОСТ ВО ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ

Четврток, 24 јануари 2019 година

На 23 јануари, во просториите на Националната агенција, се одржаа две работилници за разгледување на апликациите за пријавување во пресрет на рокот за аплицирање 5.2.2019 година, за Клучна акција 104 - мобилност од областа на образование на возрасни.

На работилницата присуствуваа претставници од многу невладини организации, потоа од здруженија и од компании.

Работилниците ги водеше Драгица Ивановска, одговорно лице за Клучна акција 104 - мобилност во областа на образование за возрасни.

Повеќе...