Новости

ПОЧЕТОК НА НОВА ПРОГРАМА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА - ЕВРОПСКИ СОЛИДАРЕН КОРПУС

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/atina/image003.jpgЧетврток, 4 октомври 2018 година

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Снежана Симоновска и г-ца Дивна Коцева од Секторот за индивидуални мобилности во областа на образованието, обука и млади,  во периодот од 26 до 28 септември 2018 во Атина, присуствуваа на редовна обука за вработени во Национални агенции. 

Почетокот на новата програма на Европската комисија - Европски солидарен корпус беше во фокусот на оваа обука. 

Обуката започна со видео конференција и директно обраќање кон учесниците од тимот на Европската комисија, кој директно е надлежен за реализација на Европскиот солидарен корпус.

За времетраење на целата обука учесниците имаа можност директно да поставуваат прашања до претставникот на Европската комисија, кој активно учествуваше во обуката.

Повеќе...

СЕ ОДРЖА ВОВЕДЕН СОСТАНОК ЗА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/ac/slika 1.jpgСреда, 3 октомври 2018 година            

Во просториите на Американ колеџ Скопје се одржа воведен состанок за програмата Еразмус+, високо образование КА103 и КА107. 

Претставниците на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, раководителот на Одделението за високо образование и образование на возрасни, г. Александар Богојевски и г. Астрит Реџепи, вработен во Одделението за стратешки партнерства за високо образование и образование на возрасни, го водеа состанокот, на кој присуствуваа Еразмус координатори од 21 универзитет/високо образовни институции од Република Македонија. 

Повеќе...

ВТОРА ЕВРОПСКА КОНФЕРЕНЦИЈА „МЛАДИНСКАТА РАБОТА ВЛИЈАЕ НА ЕВРОПА“

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/lju/20180925_145126.jpgВторник, 2 октомври 2018 година

Претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Јовица Митевски и г. Дејан Миланов, учествуваа на Втората европска конференција „Младинската работа влијае на Европа“ како дел од проектот „Да станеме дел од Европа“ предводен од партнерства на Национални агенции.

Во периодот од 24 до 27 септември 2018 година, во Љубљана, Словенија се состанаа претставници од НВО секторот од Европа, Национални агенции и претставници од различни сектори на Европската комисија, кои работеа на финализирање на позициски документ за подобрување на системот за работа со групата на млади мигранти, баратели на азил и бегалци.

На конференцијата беше презентирана работната верзија на документот со препораки до институциите кои се засегнати со овие прашања, а на истата беше направена ревизија на работната верзија со препораки за подобрување на политиките во зависност од националните законодавства.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА СОСТАНОК НА КООРДИНАТОРИ ЗА ЕУРОДЕСК МРЕЖАТА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/riga/44034139855_cf272c37b4_k.jpgВторник, 2 октомври 2018 година

Претставникот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Јовица Митевски, во својство на национален координатор на Евродеск во Македонија, учествуваше на меѓународниот годишен состанок на мрежата на координатори од Европа.

Состанокот се одржа од 18 до 22 септември 2018 година, во Рига, Латвија, на кој се разговараше за подобрување на каталогот за квалитет и негово спроведување на национално ниво, подобрување на соработката со информативните центри, спроведување на кампањата „TIME to MOVE” за 2018 година и имплементирање на активности, како и подобрување на политиките за работа во периодот по завршување на програмата Еразмус+. 

Повеќе...

ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА НА БУГАРИЈА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/sofia/image001.jpgВторник, 2 октомври 2018 година

Претставниците на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Деспина Србиновска Шандуловска, г-ѓа Драгица Ивановска и г-ѓа Сандра Митевска од Секторот за стратешки партнерства од областа на образованието, обука и млади, г-ѓа Мартина Најдоски од Сектор за индивидуални мобилности од областа на образованието, обука и млади, г. Алек Гочев, проектен асистент и г. Симеон Милковски од Секторот за финансиски прашања, во периодот од 20 до 21 септември 2018 година, престојуваа во работна посета на Националната агенција на Бугарија – Центар за развој на човечките ресурси, во Софија.

 

 

 

 

Повеќе...

ПРИЈАВА за обука за ЕВС тековни волонтери преку Европски волонтерски сервис - ЕВС (On-arrival & Mid term ) - октомври 2018

Обука за ЕВС тековни волонтери преку Европски волонтерски сервис - ЕВС 
(On-arrival & Mid term )

Се повикуваат сите организации во Македонија кои тековно  во своите организации имаат волонтери преку Европски волонтерски сервис ЕВС да достават информации за волонтерите со овој онлајн формулар најдоцна до 10 октомври 2017 година.

Датуми на одржување на ЕВС обуки:

  • “On-arrival“ – 19-21 октомври 2018 , Скопје
  • “Mid term“  – 21-22 октомври  2018 , Скопје  

За секој волонтер се пополнува посебен апликациски формулар.

Откако ќе бидат обработни сите податоците доставени во НА,  до сите организаци кои пријавиле тековни ЕВС волонтери ќе бидат доставени сите детали за обуките кои ќе бидат организирани од страна на НА.    

Повеќе...

УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНА МЛАДИНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО КРУШЕВО

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/krushevo/42965561.jpgПонеделник, 1 октомври 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, учествуваше на Меѓународна младинска конференција на тема „Европски вредности за иднината на државите од Југоисточна Европа“.

Конференцијата се одржува во хотел Монтана, во Крушево, од 27 септември до 1 октомври, во организација на Младинскиот сојуз од Крушево.

На 30 септември, на последниот ден на конференцијата со сесии, на сесијата    „Улогата на граѓаните за општествена промена на границите", модерирана од г. Петрус Теунис говорници беа г-ѓа Симона Гетева, организатор на заедницата, г. Џон Лутон, меѓународен тренер за лидерство, социјален претприемач, активист за младински права и мотивациски говорник и г-ѓа Лидија Димова, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Повеќе...

НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ СЕ ВКЛУЧИ ВО МРЕЖАТА РЕЈ

Петок, 28 септември 2018 година 

Националната агенција за европски образовни програми  и мобилност се вклучи во мрежата РЕЈ, која претставува отворена, растечка и самоуправувачка европска истражувачка мрежа на Националните агенции на Програмата Еразмус +: Млади во акција и нивните истражувачки партнери.

Главната цел на РЕЈ мрежата е да придонесе за подобро разбирање на меѓународната младинска работа и мобилноста за учење на младите, а со тоа и на развојот на политики базирани на докази во областа на младите во Европа, како и на развојот на меѓународната младинска работа и практиката на мобилност во учењето.

Фокусот на истражувањето во рамките на РЕЈ мрежата е анализа базирана врз истражување и следење на Програмата Еразмус +: Млади во акција, вклучувајќи ги сите нејзини клучни активности.

Повеќе...

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ЕТВИНИНГ

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со OОУ„ Гоце Делчев “- с.Могила и еТвининг амбасадорката Каролина Неделковска, на ден 27.09.2018 година одржа работна средба за еТвининг платформата на која присуствуваа 20 представници од истоименото училиште. Презентацијата ја водеше еТвининг амбасадорката Каролина Неделковска,  која им го пренесе своето еТвининг искуство на присутните и проектите кои таа ги сработила заедно  со своите ученици.

Повеќе...

ЕРАЗМУС + ПРЕЗЕНТИРАНА ПРЕД ДЕЛЕГАЦИЈА ОД БОСНА

Четврток, 27 септември 2018 година

На 25 септември, во просториите на КИЦ, претставници на средни стручни училишта, работнички универзитети, здруженија на граѓани и локални власти од повеќе градови во Босна и Херцеговина, кои работат во образованието за возрасни, имаа можност да се запознаат со работата на Националната агенција за европски програми и мобилност и програмите и активностите кои таа ги спроведува.

Подетално беа презентирани правилата и значењето на Еразмус+ програмата, можностите за вклучување на институции од Босна и Херцеговина, како и примери на добри практики на веќе реализирани проекти.

Презентацијата се случуваше во рамките на возвратна студиска посета на претставници на различни институции од образованието за возрасни од Босна и Херцеговина во Република Македонија, во организација на Центарот за доживотно учење од Скопје.

Повеќе...