АКТИВНОСТ ЗА ГРАДЕЊЕ ПАРТНЕРСТВА НАПРАВИ ПОТЕГ VI

tl_files/images/erasmus+.jpg

Активност за градење партнерства

28 април - 3 мај 2020 | Португалија

Настанот „Направи потег VI”, ќе се фокусира на следниве аспекти:

- Младите како актери во младинска размена, поддржани и тренирани од младински работници.

- Локалната заедница како интегрална поддржувачка структура на младинската размена.

- Влијанието и трајниот белег на локалната заедница како резултат на младинската размена.

Горенаведените карактеристики не само што ќе бидат дискутирани и анализирани, туку, исто така, ќе бидат засновани на реални практични искуства во текот на активноста за градење партнерства.

Цели ·

- Создавање на можности да се најдат добри и релевантни партнери за младински размени, со фокус на инклузивни проекти;

- Да се разбере што е потребно да се испланира младинска размена со добар квалитет;

- Да се создаде солидна мрежа на контакти и партнерства;

- Да се овозможи на младинските работници увид во нивната улога како тренери и поддржувачи;

- Да се искусат можностите за вклучување на локално ниво;

- Да се разбере влијанието и социјалната промена која може младинската размена да ја има во лакалната заедница.

Целна група

Активноста за градење партнерства е отворена за волонтерски и професионални младински работници, кои работат директно со млади луѓе, кои можат да донесат одлука во името на нивната структура/група и планираат да организираат младинска размена во рамките на Erasmus+ - Youth in Action Programme. Максимум 50 учесници од Европа (Програмски земји + Западен Балкан + Источна Европа и Кавказ, Руска Федерација). Приоритет ќе биде даден на учесниците од организации или групи кои работат на социјално вклучување на младите луѓе. Учесниците треба да имаат најмалку 18 години. Треба да се напомене дека оваа активност за градење партнерства ќе се одвива на англиски јазик.

Се очекува од учесниците да бидат дел од целосното времетраење на Активноста за градење партнерства. Сите пристигнувања и сместување се предвидени од вторник 28 април за време на вечера. Сместувањето е обезбедено до после појадок во сабота 3 мај 2020 кога и е предвидено заминување.

Пополнетиот образец (потпишан и скениран) треба да биде испратен на следнава адреса: Jovica.mitevski@na.org.mk

Апликациски формулар на следниов ЛИНК:

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ 23 март 2020 година (до 12 часот на пладне). 

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од домаќинот;
  • Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земат учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на младински организации.

Назад