JАВЕН ПОВИК за избор на двајца (2) еТвининг наставници од градинка која има добиено еТвининг ознака за училиште на еТвининг годишна конференција во Фуресо (Фарум, Верелсе) Данска 30 септември - 2 октомври 2019г

 

Врз основа на Решение, донесенo од  Директорката, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на двајца (2) еТвининг наставници од градинка која има добиено еТвининг ознака за училиште на еТвининг годишна конференција во Фуресо (Фарум, Верелсе) Данска 30 септември - 2 октомври 2019г

  

 

Во согласност со работната програма за 2019-2020г. Националната агенција за европски образовни програми има предвидено учество на двајца (2) еТвининг воспитувачки од градинка која има добиено еТвининг ознака за училиште на еТвининг семинар во Фуресо (Фарум, Верелсе) Данска 30 септември - 2 октомври 2019г. Износот на котизацијата и патните трошоци ги покрива Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Работен јазик на настанот ќе биде англиски.

 

Кој може да аплицира?

 

Подобни да аплицираат се еТвининг воспитувачки од градинка кое има добиено еТвининг ознака за училиште од Република Северна Македонија, кои треба да ги задоволуваат следните специфични критериуми:

 

-          Лицето да е регистрирано во еТвининг порталот

-          Лицето да е вработено во градинка која има добиено еТвининг ознака за училиште;

-          Лицето да има најмалку еден проект во еТвининг кој има добиено ознака за квалитет;

-          Лицето да има одлично познавање на англиски јазик;

-          Лицето да има искуство во користење на ИКТ и интернет во образовниот процес.

 

 

При одбирање на учесниците, предност ќе им се даде на кандидатите кои досега немаат учествувано на еТвининг семинари и работилници во странство.

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги охрабрува и лицата со помали можности и посебни потреби да се пријават.

 

 

Период на активноста

 

 еТвининг годишната конференција ќе се оддржи во Фуресо (Фарум, Верелсе) Данска 30 септември - 2 октомври 2019г.

 

Начин и рок за аплицирање?

 

Сите заинтересирани субјекти и правни лица кои ги исполнуваат претходно наведените критериуми треба да ги достават до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност по електронски пат на адреса за електронска пошта anabela.n.petreski@na.org.mk најдоцна до 16.09 2019г – 16.00 часот, следните документи:

  • Биографија на кандидатот во ЕВРОПАС формат;
  • Сертификат дека сте еТвининг училиште (доколку го имате, доколку не ќе го извадиме од нашата дата база)
  • Скенирана ознака за квалитет за еТвининг проект 

 

 

Назад