Десетмесечна мобилност за првиот студент со посебни потреби
Четврток, 26 септември 2019 година
Претставниците на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 25 септември, присустваа во Универзитет во Тетово, каде и официјално го испратија на 10-месечна мобилност првиот студент со посебни потреби од Република Северна Македонија.
Преку ЕРАЗМУС+ програмата, студентот Гадаф Мемеди, студиите ќе ги продолжи во Philipps – Universtat Marburg, во времетраење од 10 месеци.
На состанокот присуствуваа проректорот за образование, г. Решат Ќахили, Хатибе Деари Зеќири и Шпреса Адеми од Канцеларијата за меѓународна соработка, студентот Гадаф Мемеди, и претставниците на НАЕОПМ, Астрит Реџепи, Ана Михајлов и Александар Богојевски.
На сребата со проректорот за образование, г. Решат Ќахили, и претставниците од Канцеларијата за меѓународна соработка, се разговараше за досегашната соработка помеѓу овие две институции и како таа да се продлабочи во иднина, се со цел зголемување на меѓународната димензија кај оваа високообразовна институција.