Доделени повелби за стручно образование и обука за 2019 година

Среда, 16 октомври 2019 годинаtl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/veb4.jpg

На 27 септември во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се одржа состанок со претставници на 4 институции кои се стекнаа со Повелбата за стручно образование и обука за 2019 година.

Марија Стефковска, соработник во областа на стручно и училишно образование ги додели Повелбите на координаторите од СОУ Ѓорче Петров од Прилеп, Средношколска академија за бизнис и администрација САБА од Скопје, Фондација Агро Центар за Едукација ФАЦЕ од Скопје и СОЗШУ Ѓорче Петров од Кавадарци.

На состанокот, носителите на Повелбата беа запознаени со правата, обврските, како и можностите кои ги овозможува самата ВЕТ повелба.

Стекнувањето на Повелбата за мобилност за стручно образование и обука овозможува да се аплицира на поедноставен начин за проекти од Еразмус+ програмата, Клучна акција 1 мобилност на учесници и вработени/кадар во областа на стручно образование и обука почнувајќи од 2020 година.

Но истата не подразбира директно финансирање или гаранција за финансирање под Клучна акција 1 мобилност на ученици и вработени/кадар во областа на стручно образование и обука.

Назад