ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА ЕТВИНИНГ УЧИЛИШТА

tl_files/docs/eplus/2019/photos/MAJ/Zane/IMG_9436.JPGПонеделник, 8 јули 2019 година

Денеска, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, се одржа Доделување на сертификати за еТвининг училишта.

Со ваква ознака, за оваа година, се здобија оние училишта што беа најактивни во еТвининг платформата: ООУ Невена Ѓеоргиева Дуња од Скопје; ООУ Јоаким Крчовски - Крива Паланка; ООУ Браќа Миладиновци - с.Добрушево; СОУ Љупчо Сантов - Кочани; ООУ Св.Климент Охридски - Битола; ООУ Ѓорѓи Сугарев - Битола; ООУ Даме Груев - Битола; ООУ Дедо Иљо Малешевски - Берово и ООУ Кочо Рацин - Кратово.

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г- ѓа Лидија Димова, имаше воведно обраќање во кое ја спомна новата финансиска рамка и новата програма што следува за 2021-2027 година.

Продолжи за капацитетите на училиштата, обуките на наставниците и стручната служба во училиштата и перспективата за интернационализација и колку се тие од круцијално значење.

Во своето излагање директорката ги запозна присутните за тоа дека концептот е променет, дека треба повеќе да се работи на терен заедно со наставниците, да се направи заеднички тим кој ќе работи за зајакнување на капацитетите на училиштата.

Директорката, г-ѓа Димова, се заблагодари за успешната соработка со надеж дека таа ќе продолжи и ќе се продлабочува и во иднина.

Координаторот на Еразмус +, г. Гоце Величковски им се заблагодари за присуството и притоа напомена дека и во иднина се надева на успешна работа и соработка со училиштата.

Госпоѓа Анабела Насковска-Петрески напомена дека овие сертификати и ознака треба да им се пренесат и на други училишта коишто не се добитници за да аплицираат за истиот.

На крајот од средбата, директорката Димова им ги додели сертификатите на присутните.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/MAJ/Zane/IMG_9419.JPGtl_files/docs/eplus/2019/photos/MAJ/Zane/IMG_9446.JPG

Назад