Доделувањето на грант од страна на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност на Министерство за здравство на Република Македонија

Со особена чест и задоволство Ве покануваме да бидете присутни на овој настан посветен на доделувањето на грант од страна на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност на Министерство за здравство на Република Македонија. Воедно, на настанот ќе се потпише договорот за Грант помеѓу Директорот на Националната агенција, г-дин Дарко Димитров и Министерот за здравство на Република Македонија, г-дин Никола Тодоров. Националната агенција одобри проект во рамките на потпрограмата „Леонардо да Винчи“ од програмата „Доживотно учење“ на Европската Комисија, која децентрализирано ја менаџира за Република Македонија. Доделените средства ќе бидат искористени за обука на 20 лекари, од кои 10 специјалисти радиолози и 10 радиолози техничари. Ве покануваме да бидете дел од овој настан.

Настанот ќе се одржи во просториите на Националната агенција на ден 03.10.2012 година во 12.00 часот.

Слики од настанот може да видите на следниот линк.

Назад