Директорката Димова додели Повелба за мобилност во областа на стручно образование и обука од програмата Еразмус +

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Aug2018/NA-charter-30AUG/40332136_316223352476965_6201985509032460288_n.jpgЧетврток, 30 август 2018 година

 

Денеска, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, директорката Лидија Димова, му додели Повелба за мобилност во областа на стручно образование и обука од програмата Еразмус + на ДУЦОР „Партеније Зографски“ од Скопје.

Повелбата ја прими директорот на училиштето, г. Блаже Митев, а присутни на доделувањето беа претставници на училиштето и координаторката на проектот, г-ѓа Фредерика Тасевска.

Повелбата за стручно образование и обука обезбедува општа рамка за квалитет на активностите во европската и меѓународната соработка, подржување во градењето на капацитетите за организирање на квалитетни мобилности на учесници и вработени, а во исто време и наградување, промовирање и развој на квалитетот на мобилноста.

 

Стекнувањето на Повелбата за мобилност за стручно образование и обука овозможува да се аплицира на поедноставен начин за проекти од Ерасмус+ програмата, Клучна акција 1 мобилност на учесници и вработени/кадар во областа на стручно образование и обука почнивајќи од 2019, но истата не подразбира директно финансирање или гаранција за финансирање под Клучна акција 1 мобилност на учесници и вработени/кадар во областа на стручно образование и обука.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Aug2018/NA-charter-30AUG/40353195_257692911737076_2454299455743066112_n.jpg

Назад