ЕКВЕТ КОНФЕРЕНЦИЈА - ПРОМОЦИЈА И РАЗМЕНА НА ДОБРИ ПРАКТИКИ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЕКВЕТ ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА, ФИНСКА И ДАНСКА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/ecvet/IMG_8141.JPGПеток, 9 ноември 2018 година 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во петок на 2.11.2018, во „Сити хол” - Скопје, организираше меѓународна конференција за ЕКВЕТ, на тема: Промоција и размена на добри практики во спроведувањето на ЕКВЕТ, помеѓу Македонија, Финска и Данска.

Конференцијата ја отвори г-ѓа Лидија Димова, директор на НАЕОПМ, која што во воведното обраќање ги истакна можностите коишто ги нуди програмата Еразмус+, особено во областа на образованието и значењето на ЕКВЕТ системот кој овозможува преносливост на квалификациите стекнати за време на мобилностите поддржани од Еразмус+ програмата.

На присутните, исто така, им се обрати и г. Петар Атансов, заменик-министер за образование и наука, којшто ги информираше присутните за активностите коишто Министерството за образование и наука ги презема во насока на подобрување на образовниот систем во Република Македонија и воведувањето на ЕКВЕТ системот, како дел од реформите кои се спроведуваат.

Следно свое обраќање имаше и г-ѓа Софи Беумонт, претставник од Делегацијата на ЕУ во Скопје, којашто даде свој осврт на значењето на образованието со посебен фокус на стручното образование.

Госпоѓа Наташа Јаневска од МОН, имаше сеопфатна презентација на Националната рамка на квалификации, која претставува инструмент за осигурување на квалитет во процесот на дизајнирање на процедури, стандарди и процеси за стекнување на квалификации. По што г-ѓа Маја Крстевска од Центарот за образование на возрасни детално ги презентираше законските основи, постапката и потребната документација за верификација на програми, за образование на возрасни.

За практичната примена на ЕКВЕТ системот, присутните имаа можност да слушнат од г. Сорен Кристенсен, ЕКВЕТ експерт од Данска, г-ѓа Маарит Сааренкла, ЕКВЕТ експерт од Финска и г-ѓа Ангелина Танева Вешоска од Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика.

Господин Сорен Кристенсен зборуваше за начинот и нивото на имплементација на ЕКВЕТ системот во Данска, при што истакна дека истиот во целост се применува за транснационалните мобилности, додека во националниот систем на образовение, неговата примена е сè уште делумна. Тоа што беше интересно е дека системот на стручно образование во Данска, пред сè е базиран на стручна обука на работно место.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/ecvet/IMG_8150.JPG

Експертот од Финска, г-ѓа Маарит Сааренкла, имаше своја видео презентација за системот на стручно образование во Финска. ЕКВЕТ системот во целост се применува во рамките на стручното образоваие во Финска.

Госпоѓа Ангелина Танева Вешоска имаше своја презентација за успешно реализиран проект во рамките на Еразмус+ програмата, и како резултат на којшто веќе е верификувана програма, според која активно се спроведуваат обуки за менаџери.

На конференцијата учествуваа претставници од средни стручни училишта, тренинг центри и други ВЕТ провајдери, коишто покажаа голем интерес за учество на истата.

Назад