ЕТВИНИНГ ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА 2018

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/etw-conf/image004.jpgПеток, 9 ноември 2018 година

Македонските еТвининг амбасадорки Олгица Балајџиева, Габриела Стојановска заедно со одговорната раководителка на еТвининг во Македонија, Мила Протугер Анастасова и советничката од Бирото за развој Гордана Јанакиевска беа учесници на овогодишната еТвининг конференција во Варшава, која се одржа од 25 до 27 октомври 2018 година. 

Темата културно наследство е дел од многу проекти во еТвининг мрежата и затоа оваа година културното наследство беше главна тема на овогодишната конференција. Културното наслетство е важен дел на секоја земја и затоа оваа тема има големо влијание во секој сегмент од животот на еден наставник или еТвинер.

Беа организирани многу работилници со тема културно наследство, исто така на конференцијата беа презентирани и успешни приказни од еТвининг проекти  како инспирација за над 500 учесници од Европа и пошироко.

Е Твининг годишната конференција во Варшава беше одлично организирана и  подготвена со точен распоред и со внимателно одбрани предавачи и работилници. Секоја работилница беше различно организирана со посебни методи и техники за работа, но со јасна цел, за да се добијат одлични резултати понатаму преку работа на еТвининг платформата.

 Работилниците кои ги посетивме ни дадоа одлични идеи и насоки за понатамошни еТвининг проекти и други настани на еТвининг платформата.

Ги слушнавме инспиративните говори на претставници на Европската комисија, министерот за образование на Полска и панел дискусиите.

Ваквите конференции секогаш оставаат голем впечаток и влијание кај наставниците, еТвинерите и сите присутни на конференцијата.

На конференцијата се среќаваме со наставници од цела Европа и имаме можност да разменуваме многу идеи, а некои идеи веднаш прераснуваат во еТвининг проекти и понатаму во Еразмус проекти.

Покрај бенефитот кој го нуди еТвининг за училиштето и учениците, заедничката работа на наставници од цела Европа и размена на добри практики, еТвининг конференциите значително го збогатуваат и искуството на наставниците и нивниот професионален развој.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/etw-conf/image005.jpg

Назад