еТвининг работилница за професионален развој во Бугарија (Софија), 25-28 април 2013

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност резервира две (2) места на еТвининг – Работилница за професионален развој во Бугарија (Софија) од 25до 28 април 2013 година. Организатор на настанот е Националниот сервис за поддршка на еТвининг за Бугарија, Центар за развој на човечките ресурси (http://www.hrdc.bg/).

Потенцијалните апликанти може да аплицираат за овие места преку секторската програма  Комениус, акција Подготвителни посети најдоцна до 27 февруари 2013.

Апликациите да се достават на адреса: 
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 
(за еТвининг - Работилници за професионален развој)
Порта Буњаковец А2-1
МК-1000 Скопје
Република Македонија

Квалификувани да аплицираат за ова место во секторската програма Комениус се наставници од установите за претшколска возраст и наставници од основните училишта што работата со ученици на возраст до 11 години. Износот на котизацијата за работилницата е 450 евра. Темата на настанот е Добри педагошки практики во развојот на клучните компетенции, а работни јазици ќе бидат англиски, француски и германски.

На следниов линк можете да го превземете формуларот за аплицирање за еТвининг работилниците за професионален развој, а агендата од настанот на овој линк.

Повеќе информации за акцијата Подготвителни посети можете да најдете на следниов линк, а за акцијата еТвининг на www.etwinning.net и www.etwinning.mk.

Линкови:

Национален повик за програмата Доживотно учење за 2013

Назад