еТвининг семинар во Турција (Коња), 18-20 септември 2014

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност резервира четири места на еТвининг – контакт семинарот во Република Турција (Коња - Konya) што ќе се одржи од 18 до 20 септември 2014 година. Организатор на настанот е еТвининг Националниот сервис за поддршка на Република Турција (eTwinning Türkiye Ulusal Destek Servisi - http://etwinning.meb.gov.tr).

Потенцијалните апликанти може да аплицираат за овие места најдоцна до 27 август 2014. Покрај пополнетата апликациска форма, потенцијалните учесници треба да достават и кратка биографија во Еуропас формат и тековна состојба од централен регистар за училиштето.

Апликациите да се достават на адреса: 
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 
(за еТвининг - Работилници за професионален развој / Контакт семинари)
Порта Буњаковец А2-1
МК-1000 Скопје
Република Македонија

Квалификувани да аплицираат за учество на овој контакт семинар се наставници во основните училишта (6-9 одделение) и наставници од средните училишта. Котизација за настанот и патните трошоци ќе бидат покриени од страна на Националната агенција за европски образовни програми.

На следниов линк можете да го превземете формуларот за аплицирање за еТвининг работилниците за професионален развој, а агендата од настанот на овој линк.

Повеќе информации за акцијата еТвининг можете да најдете на www.etwinning.net и www.etwinning.mk.

Назад