eTwinning Weeks 2012

Со кампањата eTwinning Weeks од 24 септември до 10 октомври, се охрабруваат наставниците од цела Европа да се придружат на оваа динамична и жива заедница од училишта каде тие ќе воспостават контакт со своите колеги од другите земји, разменуваат идеи, и заеднички ќе ги планираат колаборативните активности. Наставниците може да се зачленат во еТвининг преку Веб платформата www.etwinning.net.

еТвининг е дел од програмата Комениус на Европската Унија и е дизајнирана да им помогне на наставниците и училиштата да се поврзат, соработуваат и да ги вклучат нивните ученици во Европските училишни проекти преку интернет.

Наставниците може да се зачленат во текот на целата година. Како и да е, eTwinning Weeksнудат одлична можност за новите еТвинери да добијат дополнителна поддршка и инспирација преку видео клипови, напатствија, практични примери и готови идеи за проекти.

Олеснете европска училишна колаборација

Во врска со кампањата, делот од еТвининг порталот каде што регистрираните наставници и нивните ученици ги изведуваат нивните проектни активности е прилагодена за новите и помалку искусните еТвинери.  Оваа интуитивна  и појасна околина ќе им го олесни ангажирањето на училиштата во колаборацијата на меѓународен план и ќе ги запознае со иновативните методи за учење и предавање.

Повеќе информации

еТвининг портал: www.etwinning.net

eTwinning Weeks: http://www.etwinning.net/en/pub/news/news/etwinning_weeks.htm

Назад