ЕВРОГАЈДЕНС СЕМИНАР ЗА НЕВРАБОТЕНИ МЛАДИ ЛИЦА

Еврогајденс ја поддржува интернационализацијата на водство и советување. Еврогајденс е европска мрежа на национални ресурси и информативни центри за водство. Еурогајденс центрите работат во околу 34 земји.

  • Промовирање на европска димензија и водство
  • Обезбедување на квалитетни информации за доживотни водство и мобилност за целите на учење

Главна целна група на Еурогајденс и упатство за практичарите и креаторите на политиката се секторите од образованието и вработувањето во сите европски земји. Во Република Македонија Национален центар за Еврогајденс е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

 Согласно Годишната програма за 2017 година на Еурогајденс,  Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше Семинар за млади невработени лица на 12.05.2017 година во Центарот за кариера при Работничкиот универзитет Кочо Рацин во Скопје. Овој семинар беше оддржан од страна на Еврогајденс Центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Центарот за вработување- Скопје. На овој семинар присуствуваа 16 млади невработени лица на возраст од 18 до 35 години од Скопје.На семинарот од страна на претставниците на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност им беше објасено на учесниците како да креираат подобра кратка биографија според Европас форматот и како да направат јазичен пасош. Во контекст на ова им беше објаснето и какви се поволности и  можности нуди Еразмус + Програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за младите лица во Република Македонија.

Назад