ЕВРОГАЈДЕНС во Република Македонија

Еврогајденс ја поддржува интернационализацијата на водство и советување. Еврогајденс е европска мрежа на национални ресурси и информативни центри за водство. Еврогајденс центрите работат во околу 34 земји.

  • Промовирање на европска димензија и водство
  • Обезбедување на квалитетни информации за доживотни водство и мобилност за целите на учење

Главна целна група на Еврогајденси упатство за практичарите и креаторите на политиката се секторите од образованието и вработувањето во сите европски земји. Во Република Македонија Национален центар за Еврогајденс е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. http://www.na.org.mk/index.php/mk/ Еврогајденс како мрежа на европско ниво е многу значајна во кариерата. Таа спроведува водство и советување за образовниот и кариерниот развој. На линкот http://euroguidance.eu/ ќе најдете посебен портал кој е само наменет за можности за учење и тој е следниов http://euroguidance.eu/study-in-europe/the-portal/ .

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на почетокот на 2016 година направи прашалник за кариерно образование на учесници, се со цел проценување на запознаеноста и користењето на кариерното образование на учесници во Република Македонија. Овој прашалник беше констриуран и испратен до основните, средните и средно стручните училишта во Република Македонија. При тоа од испитаниците над 80% одговориле дека се запознаени со кариерното образование, од кои 50% се запознаени со европската мрежа Еурогајденс, што сметаме дека е релативно доволен број.

Согласно резултатите кои се добиено од прашаникот како Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во иднина исто така треба да работиме на запознавање на наставниците и учениците и сите засегнати страни во образованието со европската мрежа Еурогајденс и какви поволности ни нуди истата.

Назад