Евридика извештај „Европската високо-образовна област во 2018 година: Извештај за имплементацијата на болоњскиот процес“

 

tl_files/docs/eplus/eurydice/2018pub/Bologna Report 2018 - Cover.jpgКако Европската високо-образовна област (EHEA) напредуваше од Ереванската Конференција во 2015 па до сега? Извештајот „Европската високо-образовна област во 2018 година: Извештај за имплементацијата на болоњскиот процес“ прикажува поширока слика за тековниот процес, со употреба на квалитативни информации и статистички податоци. Овој извештај кој што е подготвен за Европската министерска конференција во Париз (24-25 мај 2018) е резултат на блиската соработка помеѓу Групата за следење на болоњскиот процес, Еуростат, Еуростудент и Евридика.

За време на министерската конференција во Париз, министрите ќе дискутираат за подобрување на системите за високо-образование и за давањето поддршка за студентите за се движат слободно помеѓу земјите. Проверете ја содржината на овој извештај и запознајте се со активностите со овој тековен и динамичен процес!

 

 

 

 

Назад