Евридика извештај: Време алоцирано за настава во редовното задолжително образование во Европа за 2016/2017 година

tl_files/docs/eplus/eurydice/2017pub/157px-208_EN_TT_2016_17_cover.jpgСоветот на Европската Унија  постави за цел лошите постигања во писменост, математика и наука кај 15 годишниците да се намалат под 15% до 2020 година. Но како европските земји ќе го постагнат ова? Ефективности учење зависи од многу фактори, но еден клучен елемент во процесот на учење на учениците е времето за настава кое што им е достапно. Како замјите ќе го организираат ограниченото време помеѓу различни предмети, осигурувајќи при тоа дека сите ученици имаат можност да го развијат својот потренцијал за учење во различни области?

Овој извештај го проучува препорачаното минимално време за настава во редовното задолжително општо образование во учебната 2016/2017 година во 42 европски образовни системи. Конкретно од Македонија, за овој извештај се обезбедени податоци за времето за настава по сите предмети во основно и средното образование. Извептајот вклучува и национални дијаграми што ги прикажуваат податоците по година и по предмет. Компаративниот преглед ги прочува промените во политиките кои што се случени во последната година во однос на препорачаното време за настава на годишно ниво и неговата распределба по предмети. Посебно внимание е посветено на неколку предмети кои што се од особен интерес на европско ниво: читање, пишува и литература; математика; природни науки; други јазици и физичко образование и здравје. Во математика и природни науки се споредуваат минималното препорачано време за настава со она што е репортирано од наставниците и учениците во TIMMS и PISA тестирањата.

Евридика мрежата ги прибира овие податоци во последните дваесет години и истите ги ажурира на годишно ниво. Податоците за овој извештај се достапни на сајтот на мрежата Евридика од 2010 година.

Извештајот е достапен на следниот линк.

 

 

Назад