ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ЈА ПОСЕТИ НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА

tl_files/docs/eplus/2019/photos/jan/nafram/50568695_1136877506480187_8823525661227352064_n.jpgЧетврток, 24 јануари 2019 година

На 22 јануари францускиот амбасадор во Македонија, г. Кристијан Тимоние, во придружба на директорот на Фрацускиот институт во Скопје, г. Емануел Рембер, ги посети новите простории на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Иако просториите сè уште не се целосно брендирани, амбасадорот Тимоние го пофали брендот на Еразмус кој е мошне видлив.

На состанокот помеѓу амбасадорот Тимоние и директорката Димова се зборуваше за француската поддршка на Македонија, особено во делот на младите, при што се договорија дека Националната агенција ќе ја зајакне својата соработка со француската Национална агенција и со Агенцијата на јавна администрација на град Париз.

Амбасадорот Тимоние не информира дека француската амбасада има обезбедено средства за регионот иако канцеларијата ќе се наоѓа во Белград, тој покажа отвореност за идеите на Националната агенција што можат да бидат финансирани од овој посебен фонд.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/jan/nafram/50641900_1136877453146859_2415526720082804736_n.jpg

Назад