Генeрелниот Директорат за Образование, Обука и Култура ги објави годишните приоритети за програмата „Млади во акција“ за 2010

Годишни приоритети за програмата "Млади во акција"

за 2010 година 

1. Европска година за борба против сиромаштија и социјална исклученост 

    Овој приоритет е наменет за поддршка на проекти кои имаат за цел да ја подигнат свесноста на младите луѓе за одговорноста на сите во борбата против сиромаштија и маргинализација како и промовирање на вклучување на групи на млади лица со посебни потреби. Овој приоритет e наменет заподдршка на проекти кои имаат за цел да ги стимулираат млади луѓе  да пронаоѓаат начини за заштита и можни последици од сиромаштијата; проекти кои ја опфаќаат темата на маргинализација и различните форми на дискриминација, како на пр. полова дискриминација , дискриминација врз основа на инвалидитет или етнички, религиозни, јазични или имигрантски позадини.

Во овој контекст, посебно внимание ќе биде посветено на проекти кои промовираат активно учество на: 

a) Вклученост на млади лица со посебни потреби, поддршка за размени помеѓу млади луѓе со или без инвалидитет, како и проекти кои ќе се фокусираат на темата инвалидитет во општеството

б)  Вклученост на млади луѓе од имигрантска позадина или етнички, религиозни и јазични малцинства. Во овој контекст, посебно внимание ќе се посвети на проекти кои ќе инволвираат млади луѓе од Ромската заедница.

2. Невработеност на младите и промоција на младите кои се невработени и нивното активно учество во општеството.  

Овој приоритет има за цел  да поддржи проекти кои ќе ја опфатат темата на невработеност на младите и проекти кои имаат за цел да стимулираат млади невработени лица активно да учествуваат во општествениот живот. 

3. Зголемување на свеста и мобилизација на младите луѓе за глобалните предизвици ( како на пр. одржлив развој, климатски промени, имиграции итн. 

Овој приоритет има за цел да поддржи проекти кои имаат за цел да ја подигнат свесноста кај младите за нивната улога како активни граѓани во глобалниот свет како и нивното чувство за глобална солидарност и посветеност за моменталните предизвици 

За повеќе информации Ве молиме погледнете го Водичот за апликанти кој е достапен на англиски јазик на следниот линк:

 

Назад