Грундвиг
Како се ракува со соодветен мобилен телефон?
Како да испратам е-меил на роднините во Норвешка?
Колку жените во Европа ги познаваат убавините на Македонија, и дали го пробале нашиот ајвар?
Какво е нивото на почитување на граѓанските права на Ромите во Франција?
Како најлесно да научам да зборувам италијански јазик?
Каква е гастрономијата и фолклорот во Шпанија?
Дали „бабиното благце“ е поеднакво вкусно во Бугарија, Велика Британија и Шведска?
Дали слепите лица од Македонија и Потругалија подеднакво добро користат компјутери?
Дали младите родители од Финска и Македонија се подеднакво подготвени да им пружат квалитетна родителска грижа на своите деца?
Какви се животните приказни на жените во Баскија и дали се тие во некоја мера слични на приказните на жените од Егејска Македонија?
Дали пензионерите во Унгарија, Македонија и Турција подеднакво здраво се хранат?
Јас сум лице со хендикеп, можам ли слободно да патувам?
Имам идеја, но како до партнери од ЕУ?
Грундвиг можеби го има одговорот.
Никогаш не е доцна за учење |
|
Ноколај Фредерик Грудвиг |
Цели
Поттикнување на мобилноста и соработката во областа на образованието за возрасни низ цела Европа
- Поддршка на лицата од чувствителни и маргинализирани социјални групи, постари лица и тие кои предвремено го напуштиле образованието
- Поддршка на развојот на иновативни практики и нивен трансфер
- Поддршка на развојот на иновативни ИКТ содржини, услуги, педагошки методи и пракса за доживотно учење
- Подобрување на педагошките пристапи и раководењето на организациите
Кој може да учествува
Секој поединец, и/или организација која на некој начин е вклучен/а во образованието за возрасни, т.е.:
- Учениците во образованието за возрасни
- Институции и организации кои обезбедуваат можности за учење за возрасни
- Институции вклучени во обуки за персоналот во образованието за возрасни, високо-образовни институции, истражувачки центри и тела засегнати со прашања за образованието за возрасни
- Ученички и наставнички асоцијации, тела што обезбедуваат водење, советувачки и информациски сервиси
- Лица и структури одговорни за системи и политики во областа на локално, регионално или национално ниво
- Претпријатија, непрофитни организации, волонтерски тела, невладини организации.